Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

На премиерот не му се зборува за застарувањето на делата во предметот „Таргет-Тврдина“

Димитар Ковачевски не сака да го коментира застарувањето на Таргет – Тврдина,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Димитар Ковачевски не сака да го коментира застарувањето на Таргет – Тврдина, односно масовното прислушување од кое произлегоа и сите други предмети на СЈО. Вели никогаш не зборувал за судски одлуки.

Сепак, делото не застаре поради судска туку поради политичка одлука и тоа токму на партијата предводена од Димитар Ковачевски односно со измените на кривичниот законик кои преку ноќ, под превезот на наводни европски реформи, минаа во Собранието.

Исто како и премиерот така и евроамбасадорот во Македонија Дејвид Гир е на ставот дека не коментира судски одлуки. Тој појаснува дека Европската Унија внимателно ги разгледува измените на Кривичниот законик со кои застаруваат дела на поранешни функционери обвинети во предмети на поранешното специјално обвинителство.

Реклама

Првостепената пресуда од 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривичните дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба  и „примање награда за противзаконито влијание“, падна на Алеција минатата година и беше вратена на повторно одлучување. Кривичниот суд цели десет месеци не донесе одлука, со што предметот се заврши со измените на Кривичнито законик од 7 септмври годинава.

Овој предмет имаше најголем медиумски фокус за време на Шарената револуција и работењето на поранешното СЈО. Предметот е оформен уште во 2015-тата година и цели осум години не дочека второстепена судска пресуда.

Паула Костадиноска

https://youtu.be/i9se9CPUtdw