Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Поразителни резултати за положбата на македонската рурална жена; нејзините предизвици исти како и во минатoто

       Македонските жени-земјоделски оставени на маргините од општеството. Руралните жени се’ уште немаат право…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       Македонските жени-земјоделски оставени на маргините од општеството. Руралните жени се’ уште немаат право на платено породилно отсуство, ни на платено отуство поради болест или повреда на работно место, иако земјоделството претставува високо ризична професија со бројни последици по женското здарвје. A лошата инфраструктура, недоволниот број на градинки и отежнат пристап до здравствените и социјални услуги во руралните средини, само уште повеќе им го отежнуваат животот на овие жени.

   „Се занимавам со сточарство и тутунопроизводство. Значи, породилно отсуство немаме, со мали деца нон-стоп си работиме и децата си ги носиме по нивјето. Значи, немаме ништо платено од државата. Субвенциите ни ги скинаа, за женско јагне не земаме, ги намалија за овците по грло на овца. Многу е тешко значи, треба и дома, и деца да спремаш на училиште, да трчаш кај овците да работиш. Тешко..“, – кажа Кристина Огненовска, земјоделка од с. Милошево.

  Заради ваквите состојби, во направената аналази на невладиниот сектор за оваа проблематика за 9 европски држави, помеѓу кои и 4 од бившите ју-простори, Македонија, за жал, и овде е на дното од табелата.

Реклама

   „Како држава сме на последно место во однос на правата на земјоделците, особено на жените-земјоделки. За разлика од кај нас, во сите други држави коишто ние ги анализиравме, тие имаат можност да имаат право на платено породилно отсуство поради неспособност за работа, а имаат право и на платено боледување“ – посочи Гоце Коцески од Македонското здружение на млади правници и мрежа за заштита од дискриминација.

  „Освен што Партламентот едногласно ја изгласа потребата за донесување на вакво законско решение, тука застана работата, односно законот сега треба да го разгледува Комисијата за здравство во Собранието, а коешто се уште го нема ставено на Дневен ред“, – рече Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини- мрежа за заштита од дискриминација.

  Инаку, 15-ти октомври е Меѓународен ден на руралната жена, а која според сите современи светски параметри е оној невидлив столб на одржливоста на општествата.

  Каролина Дурло