Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Во последниве четири години Македонија ја напуштиле половина милион млади, бизнис-секторот и образованиот се обединуваат во потрагата по едуциран кадар

Долгогодишното отсуство на синхронизираност помеѓу образованието и реалните потреби на пазарот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Долгогодишното отсуство на синхронизираност помеѓу образованието и реалните потреби на пазарот на трудот, само во последниве четири години, Македонија ја чинат одлив на фрапантни половина милион млади луѓе. Овој застаршувачки негативен тренд е поразителен доказ дека Македонија дише на шкрги, укажуваат од неваладиниот сектор.

„Треба поголема вклученост на сите организации во креирањето на јавните политики, во креирањето на уписните политики, во креирањето на слободни работни места. Значи, треба всушност бизнис-секторот да е во согласност со академската заедница, да се креираат уписните политики со Агенцијата за вработување и сите останати релевантни чинители во ова општество“ – вели Дања Димовска-Микаровска од италијанската НВО „COSV“, Подружница Прилеп.

На сличен став се и македонските стопанственици кои одамна алармираат дека кубурат со работна сила, најмногу заради неправилната поставеност и организација на понудата на трудот во однос на побарувачката на пазарот на трудот.  

Реклама

„Основна цел на задоволување на пазарот на трудот треба да биде приватниот сектор. Тоа е тој сектор кој што ја создава додатната вредност и ние сите, вклучително и јавните институции, треба да креираме општество и образование коешто ќе креира работна сила за потребите на приватниот сектор“, – кажа Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора – Прилеп.

„Бизнисот има потреба од Универзитетот. Долги години имаше огромна невработеност и бизнисот не беше заинтересиран толку, бидејќи можеше да бира. Сега е предизвик за секој бизнис, па и за јавните служби, да најдат квалитетен кадар“, – посочува проф. д-р Игор Неделковски, ректор на УКЛО.

Со цел ублажување на масовниот одлив на млади и едуцирани кадри од земјава, се прават напори преку вмрежувањето на бизнис-секторот, академската заедница и граѓанскиот сектор, да се обезбедуваат стипендирања, мотивирачки платена практична работа и идни вработувања за новите кадри да останат во Македонија.

Каролина Дурло