Реклама
Македонија

Сведоштво на охриѓанецот Климе Новески за ужасот во Израел, во страв се молел да преживее, сега е среќен што е дома

Животот во Израел се претвори во кошмар, замреа сите градови во Светата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Животот во Израел се претвори во кошмар, замреа сите градови во Светата земја.Тоа саботно утро во 6.30 мин.,ме разбуди звукот на сирените,што во прв момент воопшто не ме вознемири оти во Тел Авив каде што престојував 10 месеци, нивниот татнеж го слушав скоро секој ден-вели охриѓанецот Климе Новески.Таму постојано има некакви инциденти,тензијата која се чувствува стана секојдневие до таа мерка што како и сите луѓе во милионскиот град и јас се навикнав да живеам со повремените ракетирања, но не и тоа утро.

 “Во секој случај,се разбудивме со сирени јас мислев дека се тоа да речам во наводници вообичаените сирени што можат да се слушнат скоро секој ден, меѓутоа потоа видовме по медиумите дека се работи за голем напад на Хамас.Веќе знаевме дека нема ситуацијата да остане како претходно, соопштија дека за кратко време се случиле многу жртви, заложици и веќе веднаш се најави дека ќе биде воена состојба. Нормално чувството на несигурност растеше од ден на ден.Не може да се биде рамнодушен кога гледате дека се напаѓа, има жртви и е воена состојба” вели Новески.

Чувството на неизвесност убива, иако каде што бев јас во Тел Авив беше релативно безбедно, меѓутоа без никаква гаранција каков ќе биде утрешниот денвелиНовески кој вчера се врати во родниот Охрид со авион на српска компанија Ер Србија.

Реклама

 “Знам дека имаше во некои од општините фатени, инфилтрирани припадници на тие вооружени групации т.е. организации како Хамас и Хезболах,  не знам на кого тие припаѓале, меѓутоа беа фатени инфилтрирани во неколку општини во Тел Авив така да веројатно се многу можни таму разноразни инциденти веќе.Tука е и еконoмскиот момент, многу работни места и објекти од oбласта на туризмот се затворија, некои фабрики го намалија работното време, инфлацијата која што е присутна во Израел почна да зема замав со поголемо темпо и сите тие показатели беа знак дека треба да се искористи овој лет за евакуација и да се вратам дома” изјави тој.

Опасноста да дојде до тотален застој и прекин на авиосообраќајот беше голема и ако состојбата се слоши, враќањето дома ќе биде практично невозможно.Во моментов, не се точни изјавите на челниците кои ја водат државава, дека бил тотално блокиран авиосообраќајот и дека преголем предизвик било да се организира летот од Израел.

“Срамота е државата да нема национален авио превозник и во една ваква ситуација да треба да се обраќа по други држави да испратат авион од нивниот национален авиoпревозник за да можат да евакуираат сопствени граѓани во таква состојба.Тука би сакал да се заблагодарам на македонскиот амбасадор Мачеј кој заедно до неговата соработничка беа максимално ангажирани”– рече Новески.

Во авионот имаше македонци, срби, црногорци,албанци, имаше и 4 фамилии со мали деца кои беа преплашени оти го доживеале целиот ужас во најјужните градови во појасот Газа. Во моментов во Израел има стотици македонци некои немаат намера да се вратат, но од она што го видов мислам дека Израел ќе биде деликатно место за живеење и работа,оти тензиите и омразата се длабоко вкоренети.

Росица Голабоска