Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Над два милиони жители на Газа се соочуваат со недостаток на храна, вода и медицински материјали

Очајни за храна, вода и засолниште, повеќе од два милиони цивили во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очајни за храна, вода и засолниште, повеќе од два милиони цивили во Газа бараат спас од престојната офанзива на израелската војска.

Израелската војска ја одложи планираната копнена офанзива во Појасот Газа за неколку дена поради лошите временски услови.

Копнената офанзива требаше да започне овој викенд, но беше одложена поради облачното небо што ќе им отежне на израелските пилоти и операторите на беспилотните летала да им пружат воздушна поддршка на копнените сили, објави Њујорк тајмс, повикувајќи се на високи израелски офицери.

Реклама

Дека ситуацијата е загрижувачка предупреди и Светската здравствена организација.Од таму, алармираат дека принудувањето на илјадници пациенти во Појасот Газа да се евакуираат во веќе преполните болници може да биде „смртна казна“ за нив.

„СЗО силно ги осудува повторените израелски наредби за евакуација на 22 болници кои згрижуваат повеќе од 2.000 лежечки пациенти на северот на Газа. Присилната евакуација на пациентите и здравствените работници дополнително ќе ја влоши хуманитарната и здравствената катастрофа“, се вели во соопштението на СЗО.

Израелската војска сè уште им дозволува на цивилите во Газа да бегаат на југ, судири има и на границата со Либан.

Израел вети дека ќе ја уништи милитантната група Хамас откако нејзините борци дивееја низ израелските погранични градови, пукаа во мажи, жени и деца и зедоа заложници, при што загинаа илјадници луѓе, што е најлошиот напад врз цивили во историјата на земјата.

Од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел, бројот на убиени во појасот Газа надмина 2.300, а повеќе од 9.000 се ранети.

Газа веќе се соочува со хуманитарна криза поради зголемениот недостиг на вода, храна и медицински материјали како резултат на израелската блокада, што предизвика и затворање на единствената електрана поради недостиг на гориво.