Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Ковачевски контра цела јавност – Битиќи добро постапил вчера, а тој не се извинува за „некоректното прашање“

Премиерот Ковачевски не гледа ништо скандалозно во вчерашното арогантно однесување на неговиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Ковачевски не гледа ништо скандалозно во вчерашното арогантно однесување на неговиот министер, Фатмир Битиќи, ниту пак во својот одговор на новинарското прашање, а кое се однесуваше на нивниот коалициски партнер – ДУИ како партија, но никако не и на Албанците како етникум, а кое премиерот го оцени како некоректно, популистичко, ксенофобично, па дури и фашисоидно.  

„Не можете да не’ оставите нас Албанците“, реагираше Битиќи, на што новинарот му објасни – „Не е така, господине Битиќи, јас партија спомнав, не националност“.

„Сметам дека Битиќи добро постапи и го поддржувам во тоа што го направи, бидејќи Фатмир Битиќи е Албанец, меѓутоа тој во исто време е и вице-премиер на Владата кој што е предложен од СДСМ. Тој е мој вице-премиер, но Битиќи не е вице-премиер затоа што е Албанец и сметам дека поставување прашање дека кој било припадник на која било етничка заедница може да обавува одредена функција е некоректно“, – рече премиерот Димитар Ковачевски.

Реклама

Премиерот Ковачески, одговарајќи на прашањата на Алфа, денеска се обидуваше да се испере дека неговиот вчерашен одговор не бил насочен кон новинарот или кон било кој медиум, туку бил насочен кон темата што била поставена, притоа префрлајќи ја вината кај делувањето на опозициските политички партии.

„Единствена агенда во моментов им е ширење на тензии на национална основа коешто го прават насекодневна основа икоешто исто така, мислам дека ги става во прилично непријатна ситуација и медиумите, со оглед на тоа што тие мораат нормално да известуваат за се’ она што е кажано од политичките партии“, објасни Ковачевски.

И додека целата јавност се крена на нозе, вклучително и еснафските новинарски здруженија кои дури побараа со вчерашниот скандал да се позанимава и обвинителството, бидејќи ова не е првпат високи членови на оваа Влада да се однесуваат арогантно и непрофесионално кон новинарите, премиерот Ковачевски, иако директно беше запрашан дали ќе и’ се извини на ТВ Алфа, тој со ништо не наговести дека има таква намера.

Каролина Дурло