Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Македонците заглавени во Израел молат по туѓи амбасади да се качат во авион, само Македонија не организираше лет

Србија, Црна Гора, Хрватска, Албанија со специјални летови  ги евакуираат  своите граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Србија, Црна Гора, Хрватска, Албанија со специјални летови  ги евакуираат  своите граѓаните од Израел , додека македонските државјани таму се молат да има место во некој од нивните авиони . Македонија е единствената земја во регионот која не испрати или организираше специјален авион за да ги евакуира своите државјани. Во моментов уоколу 100-тина македонци живеат во неизвесност и чекаат да се ослободи некое место за да можат да заминат од опасното подрачје и да се вратат во Македонија .  

Македонците таму бараат „чаре“ на сите страни  и молат по амбасадите да бидат ставени на список од некоја земја . Таков е примерот со кумановката Билјана, која за „ Гласот на Америка “ ја раскажа голготата низ која поминала додека си дојде дома и на крај во тоа успеала благодарение на нејзината упорност. Вели постојано се јавувала по амбасадите од соседите за да ја запишат на некој список,, за конечно амбасадорот на Црна Гора да ја смести во нивни авион .

Јас се обратив на нашиот амбасадор. Со него разговарав директно. Ја имам и пораката. Ми кажа дека со Србија нема место. Му велам сега има за Црна Гора, ајде некако да направиме за да се вратиме назад. Разгледајте ги сите опции ни рече, значи бевме оставени да се снаоѓаме. Но мојата упорност се исплатеше. Јас вртев буквално на секоја земја, на секоја амбасада. На амбасадорот на Црна Гора, му пратив информации. Ми рече ако можам некако на список да ве ставам ќе биде добро. Му велам ве молам сакам дома да си одам. Толку бев упорна, бидејќи цело време одевме и излегувавме од бункер. Им пишав и на српска амбасада, се јавував и во Албанија, Словенија. Ми се јави потоа нашиот амбасадор спремајте се одете на аеродром, за да потоа ни се јави да ни каже дека нема место. Но во 2 часот навечер, ми се јави амбасадорот на Црна Гора, ни вели дека слетува авионот, и да се спремаме, вели Билјана за Гласот на Америка.

Реклама

Проблемот со евакуацијата на граѓаните индиректно го признаваат и од МНР. Тие денеска соооштија дека уште 9 македонски државјани успеале да го напуштат Израел, со летови до Белград, Aтина, Jордан, но дека дел од македонците за кои било обезбедено место на други летови не успеаа засега да се евакуираат оти летовите биле откажани.

Уште 9 наши државјани го напуштија Израел, преку различни транспортни рути, и тоа: четворица со лет до Атина, тројца за Јордан и двајца за Белград; заедно со оние кои претходно тоа го сторија, вкупната бројка за изминативе три дена се искачи на 40 наши државјани што го напуштија Израел. За жал, неколку од летовите за кои веќе беше обезбедено место дел од нашите државјани да го напуштат Израел во текот на вчерашниот ден беа откажани, па активностите за нивно приклучување во некои од денешните летови продолжува денеска, велат од МНР.

МНР соопшти дека  утринава дваесет граѓани биле префрлени на безбедно во Тел Авив каде ќе чекаат за евакуација , а бројката на луше кои бараат помош да си дојдат дома цело време се менува , во моментов околу 100 побарале евакуација .  Алфа праша до Министерството дали Македонија ќе испрати посебен авион за  да ги излече македонските државјани, но одговор засега нема.

Кристина Алексиеска