Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Свет

Делови од Шпанија парализирани од смртоносно невреме

По неколку месеци екстремна суша, Пиринејскиот Полуостров сега го доживеа спротивното. Каталонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По неколку месеци екстремна суша, Пиринејскиот Полуостров сега го доживеа спротивното. Каталонија и регионот Мадрид беа особено тешко погодени од силното невреме. Три лица загинаа, а уште две се водат како исчезнати.

Централниот и југоисточниот дел на Шпанија за викендот ги зафати силно невреме, многу патишта беа затворени, паѓаа дрвја, а некои куќи беа поплавени. Поради обилниот дожд и невремето, денеска во прекин е железничкиот превоз на „медитеранскиот коридор“ меѓу Мадрид, Валенсија, Аликанте и Барселона.

Жителите на Мадрид и околината вчера во вечерните часови добија порака на мобилните телефони со предупредување да не излегуваат од домовите, но невремето таму помина без сериозни последици. Пожарникарите во Мадрид имале 726 интервенции. 

Реклама

Поради огромното количество на вода и кал на шините возовите привремено не возеа во неделата од главниот град кон западната провинција Екстремадура и јужна Андалузија. Возовите од Мадрид до Андалузија сѐ уште не сообраќаат поради последиците од невремето и поплавите во градот Толедо.

Во Каталонија, околу делтата на реката Ебро, во текот на викендот на одредени точки наврнаа повеќе од 200 литри вода на квадратен метар – повеќе отколку кога било во последните 23 години. Во селото Алканар на луѓето привремено не им беше дозволено да ги напуштат своите куќи. Некои мораа да бидат спасени од поплавените домови.

Денеска шпанските власти соопштија дека едно лице загинало, а уште две се водат за исчезнати по невремето во неделата. Маж загинал во својот автомобил во градот Толедо, кој беше особено тешко погоден од невремето а две лица се водат како исчезнати кога возилото со кое патувале паднало во реката Алберче во градот Алдеа дел Фресно во мадридскиот регион.

Уште во саботата пак медиумите јавија дека двајца мажи загинале во невремето. Тие патувале во кањон во близина на Сарагоса кога паднале во поројница и се удавиле, пренесоа медиумите повикувајќи се на локалните власти.
Шпанската метеоролошка служба извести дека дождот треба да ослабне во текот на денешниот ден. Во Мадрид од осум часот наутро дождот повремено престанува. Земјата е под невообичаено силен удар на дожд и ветер, по долг период на неподносливите горештини и пожари.