Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

Бајден се фали со економските резултати, над половина Американци не го гледаат неговиот успех

Цените во американските супермаркети сè уште се високи, но вкупната стапка на инфлација е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените во американските супермаркети сè уште се високи, но вкупната стапка на инфлација е пониска од минатогодишната. Невработеноста е на ниски 3,5 отсто, а платите растат.

Федералните резерви на САД, ја зголемија референтната каматна стапка 11 пати во последните 17 месеци, поставувајќи ја на највисоко ниво во последните 22 години за да ја спречи инфлацијата, која пред една година надмина 9 отсто.

Претседателот ЏО БАЈДЕН вели дека подобрувањата се должат на „Бајденовата економија“.

Реклама

„Најсилната економија во светот. Највисоко ниво на задоволни работници во последните 36 години. Нашата стапка на инфлација падна најниско меѓу главните развиени економски земји во светот“, рече Бајден.

Сепак, повеќето Американци едноставно не го гледаат тоа. Според најновата анкета на Ипсос, 56 отсто од Американците не го одобруваат начинот на кој Бајден се справува со економијата. 69 отсто, вклучително и повеќе од половина од демократите, велат дека економијата сега е полоша отколку пред пет години.

„Претседателот навистина не е способен да се поврзе со луѓето и да комуницира за некои од големите законодавни победи, како што е Законот за намалување на инфлацијата. Таму има прекин на врската“, вели МЕЛОРИ ЊУАЛ од Ипсос.

Анкетите покажуваат дека повеќето Американци не се запознаени со различните закони насочени кон подобрување на економијата што ги потпиша Бајден. Но, тие се запознаени со високата инфлација што ја доживуваат повеќе од една година – прашање за кое велат дека е најитното во САД.

Она што е поважно за Американците од таканаречената Бајденомика, е тоа – колкава сметка ќе платат на каса.

Со приближувањето на претседателски избори во ноември 2024 година, за десетици милиони гласачи – правата на абортусот, контролата на имиграцијата, криминалот, војната на Русија во Украина и секако најважното економијата и трошокот на живот, ќе зависи за кого Американците ќе го дадат својот глас.

ЈОВАНЧО НАУМОСКИ, Глас на Америка – Вашингтон