Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Во Ротердам досега запленето најголемо количество дрога

Цариниците во Ротердам заплениле осум тони кокаин во вредност од околу 600…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цариниците во Ротердам заплениле осум тони кокаин во вредност од околу 600 милиони евра, што е најмногу досега во тоа холандско пристаниште, објави обвинителството.

Дрогата била скриена во контејнери со банани од Еквадор. Во јули беа откриени повеќе од 8.000 пакети од кои секој содржеше по килограм кокаин, но поради истрагата веста беше објавена дури денеска.

Најголемо досега е запленувањето на 4,5 тони кокаин. Ротердам е едно од главните пристаништа за шверц на дрога во Европа.

Реклама

Минатата година, околу 47 тони дрога беа откриени во најголемото европско пристаниште, но истражителите велат дека успеваат да откријат само 50 до 60 отсто од дрогата што се шверцува низ Ротердам.

Холандија, Белгија и Шпанија, првите три европски земји за испорака на кокаин испратен главно од Панама, Колумбија и Еквадор, се загрижени за криминалот поврзан со трговијата со кокаин.