Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

Во катастрофалните пожари на Хаваи загинаа најмалку 36 лица

Хаваи претворено во пекол. Најмалку 36 лица загинаа, а десетици се повредени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хаваи претворено во пекол. Најмалку 36 лица загинаа, а десетици се повредени во катастрофалните пожари кои ги зафатија овие рајски острови. Огнот брзо се ширеше пред се на островот Мауи. Целосно е уништен историскиот град Лахаина омилен на туристите.

Луѓе влегувале во океанот за да избегаат од огнот. Од крајбрежната стража биле спасени десетина лица. Повеќе стотици семејства останаа без покрив над главата. Западниот дел од островот нема струја ниту телефонски врски, а од туристите се бара побргу да си заминат.

За брзото ширење на пламените јазици според властите виновен е ураганот Дора. Претседателот Џо Бајден вети помош во евакуацијата и во справувањето со пожарите во оваа Сојузна американска држава.

Реклама

– Фактот дека имаме шумски пожари во повеќе области кои индиректно се припишуваат на ураган, е без преседан. Тоа е нешто што жителите на Хаваи и државата не го доживеале“, изјави заменик-гувернерката Силвија Лук.

Грчката полиција сомничи 29 годишен навивач на Панатинаикос дека го убил неговиот врсник симпатизер на ривалскиот клуб АЕК, а за што претходно беа обвинети навивачите за Динамо од Загреб. 

Според медиумите во Грција ДНК тестирањето покажало дека траги од главниот осомничен биле најдени на телото на убиениот навивач. Тој и бил познат на полицијата бил во затвор, а последните 6 месеци издржувал затворска казна.

За хулиганскиот инцидент уапсени се 100-тина хрватски навивачи и тројца Грци. Тамошната полиција денеска го покажа пронајденото оружје кое двете групи го користеле во масовната тепачка.

Претседателот Џо Бајден потпиша извршна наредба за забрана на американски инвестиции во кинеска технологија. Ограничувањето е во три сектори: полупроводници и микроелектроника, квантни информатички технологии и одредени системи за вештачка интелигенција.

Бајден во писмо до Конгресот рече дека прогласува национална вонредна состојба за да се справи со заканата од напредок од страна на земји како Кина „во чувствителните технологии и производи од клучно значење за војската, разузнавањето, надзорот или способностите овозможени од сајбер.

Официјалкен Пекинг овој чекор го осуди и го оквалификува како кршење на принципите на пазарна економија и фер конкуренција. Најавија дека внимателно ќе го следат развојот на настаните, а според нив целта била Вашингтон да ја лиши Кина од правато на развој.