Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

Русите спречија уште еден украински напад со дрон

Украина утрово изврши напад со беспилотно летало, кој не предизвика штети или…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украина утрово изврши напад со беспилотно летало, кој не предизвика штети или жртви, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, без да ја прецизира точната локација на нападот.

„Во текот на ноќта беше извршен обид за напад на непријателски дрон. Дронот е соборен од силите на Министерството за одбрана“, напиша Собјанин на Телеграм и додаде дека нема жртви и не е причинета материјална штета.

Москва и нејзиниот регион, лоцирани на повеќе од 500 километри од украинската граница, веќе беа цел на напади со беспилотни летала, вклучително и оној што го погоди Кремљ во Мај.

Реклама

Во понеделникот, украинските власти ја презедоа одговорноста за ноќниот напад со беспилотно летало што ја погоди Москва.

На 4 јули беа соборени пет беспилотни летала над московскиот регион, соопштија тогаш руските власти, додавајќи дека нападот ја нарушил работата на Внуково, еден од трите главни меѓународни аеродроми во Москва.