Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Светот стравува од нова трка за нуклеарно вооружување

Новиот договор СТАРТ е последниот преостанат нуклеарен договор меѓу САД и Русија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот договор СТАРТ е последниот преостанат нуклеарен договор меѓу САД и Русија потпишан во 2010 година од тогашниот американски претседател Барак Обама и неговиот руски колега Дмитриј Медведев.

Оваа недела, претседателот Владимир Путин објави дека го суспендира учеството на Русија – велејќи дека договорот е „апсурден“ во време кога НАТО и помага на Украина во борбата против руските сили. Тој рече дека ќе продолжи производството на копнено нуклеарно оружје – и вети дополнителни инвестиции.

„Ќе продолжиме со масовното производство на воздушни хиперсонични системи Кинжал и ќе започнеме со масовно снабдување на хиперсонични ракети Циркон базирани на море“, рече Путин.

Реклама

Но, аналитичарите велат дека суспензијата на Москва на нуклеарниот договор веројатно нема да има моментално влијание.

Договорот и така ќе истече, така што, крајот на договорот нема многу да се промени во суштината на воените односи меѓу двете страни, вели професорот Јан Хурд од Универзитетот за политички науки.

Русија и САД заедно поседуваат над 90 отсто од светското нуклеарно оружје. Новиот договор СТАРТ ги ограничува двете страни на 1.550 боеви глави – и дозволува секоја страна да ги проверува нуклеарните локации на другата.

Инспекциите беа ставени во мирување три години поради пандемијата – и не продолжија, за што Вашингтон ја обвинува Москва.

„Тоа е во интерес на двете земји бидејќи става ограничувања на трката за нуклеарно вооружување, затоа што САД можат да ја надминат Русија ако сакаат, бидејќи се многу поголема економија. Поверојатно, Русија сака да го искористи ова како договор за пазарење за да и каже на администрацијата на Бајден: „Вашата поддршка за Украина има цена, вели Џејн Кининмонт од мрежата на европски лидери.

Американскиот претседател Џо Бајден ја нарече суспензијата на договорот од страна на Русија „тешка грешка“. Генералниот секретар на Обединетите нации повика Москва да се врати на договорот.

И, покрај затоплувањето на врските меѓу Пекинг и Москва, Кина во средата ги повика Русија и САД да го почитуваат нуклеарниот договор.

„Се надеваме дека двете страни соодветно ќе ги решат своите разлики преку конструктивен дијалог за да се обезбеди непречено спроведување на договорот“, рече Ванг Венбин портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Постојат стравувања од трка во вооружување не само меѓу Русија и САД – туку и меѓу другите нуклеарни сили, вклучително и Кина.

„Како некој може да ѝ каже на Кина дека треба да ја ограничи својата програма ако САД и Русија немаат ограничувања за нивната?“, вели Кининмонт.

Претседателот Путин рече – без да наведе докази – дека САД размислуваат за рестартирање на нуклеарните тестови, и ако е така, Русија ќе спроведе свои. САД, Русија, Франција, Велика Британија и Кина ги прекинаа нуклеарните тестирања во 90-тите години.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон