Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Свет

Извлечени 68 тела на загинати во авионската несреќа во Непал, потрагата по уште четворица патници продолжува утре

Безживотните тела на најмалку 68 лица се извлечени во Непал по уривањето…

Сподели:

Безживотните тела на најмалку 68 лица се извлечени во Непал по уривањето на патнички авион во близна на градот Похара во централниот дел на земјата. Ова, барем за сега е моменталниот број на загинати во, како што наведуваат странските медиуми, најсмртоносната авионска катастрофа во хималајската земја во последните три децении.

На видеo-снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како авионот лета ниско над населено место пред да направи нагло свртување.

Несреќата соодветствува на бројот на патници, кои летале со авионот на компанијата „Јети ерлајнс“ за главниот град на Катманду. Имено, според компанијата, во урнатиот авион имало вкупно 72 лица, од кои 68 патници и четворица членови на екипажот.

Реклама

Според претставник на аеродромот, меѓу патниците имало и 15 странски државјани, Австралиец, Французин, Аргентинец, четворица Руси, пет Индијци, двајца Јужнокорејци и едно лице од Ирска. Како што пренесуваат медиумите, извлекувањето на телата се одвива многу тешко бидејќи авионот се урна во клисура долга 300 метри. 

Авионот со двоен пропелер, кој бил стар 15 години, патувал од главниот град Катманду до градот Похара во централен Непал, популарна порта кон Хималајските планини за верските аџии и меѓународните патници, пишуваат тамошните медиуми.

По падот авионот се запалил, поради што спасувачите кои први пристигнале на местото првин морале да се справуваат со огнот, а потоа да трагаат по преживеани и извлекување на телата.

  • „Сите агенции сега се фокусирани прво да го изгаснат пожарот и да ги спасат патниците“, изјави локалниот претставник Гурудута Дакал.

Локалната жителка Девета Кал за Би-Би-Си изјавила дека веднаш се упатила на местото на несреќата откако забележала како авионот паѓа кон земјата.

  • „Кога стигнав таму, местото на несреќата веќе беше преполно. Имаше огромен чад што доаѓаше од пламенот на авионот. А потоа за кратко време дојдоа хеликоптери“, рече таа.

Непалскиот премиер Пушпа Камал Дахал свика итен состанок по несреќата. Владата на Непал, формираше петчлена истражна комисија која треба да ги утврди причините за падот на авионот.

Борис Грујоски