Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

Руската инвазија врз Украина неповратно го промени светот

Неиспровоцирана инвазија врз суверена нација: војната на Русија против Украина го наруши…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неиспровоцирана инвазија врз суверена нација: војната на Русија против Украина го наруши глобалниот безбедносен поредок. Тоа ги втурна НАТО и Русија поблиску, до директен конфликт. Објавувајќи, како што рече, „специјална воена операција“ на 24 февруари, рускиот претседател Владимир Путин се повика на идеологиите на Втората светска војна.

„Ќе се залагаме за демилитаризација и денацификација на Украина“, рече Путин.

Русија се закани дека ќе користи нуклеарно оружје доколку Западот се вклучи во војната. НАТО ги зајакна своите одбранбени сили во Источна Европа. Првично претпазливи, западните земји, предводени од САД, почнаа да ја снабдуваат со повеќе оружје Украина – вклучувајќи хаубици, повеќекратни ракетни системи за лансирање и системи за противвоздушна одбрана. Но, барањата на Украина за тенкови и борбени авиони остануваат неодговорени.

Реклама

„Мораме да се оддалечиме од размислувањето за само снабдувањето за Украина да не биде поразена, туку да обезбедиме доволно за Украина да ја победи Русија“, вели Јан Бонд од центарот за европски реформи.

Западната воена помош им помогна на украинските сили да ги повратат градовите Харков и Керсон. Како што наближува бруталната зима, големите офанзиви отстапија место на рововски битки и напади од долг дострел. 

Русија сега е насочена кон енергетската инфраструктура на Украина.

„Нападите на Путин врз цивилната инфраструктура и прекините на испораките на гас во Европа очигледно се наменети за постигнување победа преку деморализирање на Украина, и нејзините сојузници“, вели Бонд.

Аналитичарите велат дека следните месеци ќе се тестираа посветеноста на Западот.

„Можеме или да дозволиме нуклеарниот насилник да го постигне својот пат и да живее со несигурност во наредните децении. Или, можеме да се погрижиме Путин да не биде победник во Украина, и некако да се обидеме да обновиме нешто подобро на многу поздрава основа“, рече Саманта де Бендерн од Чатам Хаус.

И како што руските загуби се зголемуваат, притисокот врз Путин – расте.

„Дури и најконзервативната анализа во моментов укажува на околу 50.000 загинати мажи во Украина. Ова е меѓу три и пет пати поголема бројка од она што СССР ги загуби во Авганистан за 10 години. Не знам како едно општество може да го одржи тоа“, додава таа.

Но, дали Западот може да ја одржи својата поддршка за Украина? Вашингтон инсистира дека нема да ја намали поддршката.

„Претседателот рече дека ќе ја поддржуваме Украина онолку долго колку што е потребно“, рече Џон Кирби, координатор на Советот за национална безбедност на САД за стратешки комуникации.

Далеку од зоната на конфликтот, други земји – не само Кина и Тајван – внимателно набљудуваат.

Исходот од војната нема да ги диктира само односите меѓу Русија и Западот; најверојатно ќе обликува нов глобален поредок.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон.