Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Историско Светско првенство: Прв во зима, вреден неверојатни 200 милијарди евра, за чија организација згаснаа 6.500 живот

Неверојатни 200 милијарди евра потрошени за организација, 6 и пол милијарди само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неверојатни 200 милијарди евра потрошени за организација, 6 и пол милијарди само за стадиони, кои дел ќе ги снема веднаш по крајот на Мундијалот, а чија изградба одзема 6.500 животи. Стартува по многу што историското Светско првенство во Катар. Историско пред се бидејќи е прво кое не е летно, наместо во јуни, почнува во ноември, ќе заврши во декември.

Историски е и по тоа што е прв Мундијал на кој што одредени држави воопшто не сакаа да учествуваат. Единствена која официјално соопшти дека размислува за тоа сценарио ако заработи билет за Катар, беше Норвешка. Причината се обвинувањата за измачување на луѓе за организацјата на првенството. Официјално на бојкот повика норвешкиот клуб Тромзо.

-Треба да размислиме што е идејата за фудбалот и зошто толку многу луѓе го сакаат нашиот спорт. Факт е дека гледаме постоење на корупција, модерно ропство и голем број на мртви работници, ова треба да го акцентираме и да го бојкотираме, не сакаме Светското првенство по цена на животот, стоеше во официјалното соопштение на Тромзо.

Реклама

Овие критики не беа најпозитивно прифатени од првиот човек на ФИФА Џани Инфантино. Тој порача дека европскиот континент нема право да предава лекции по морал.

-Не учат многу лекции од Европа, од западниот свет. Она што ние Европејците го правевме во последните 3.000 години, треба да се извинуваме во следните 3.000 години пред да почнеме да даваме морални лекции, изјави Инфантино.

Историско е и од спортски аспект, а тоа најубаво го објасни легендарниот Франческо Тоти, велејќи дека Светско без Италија е како Рим без Колосеумот. Причината поради која четикратниот светски и актуелен европски првак не е во Катар е нашата Македонија, која со голот на Александар Трајковски во 92-та минута ги скрши срцата на сите Италијанци и тоа среде Бергамо.

Историско ќе беше и за македонскиот фудбал, но не успеавме да ја поминеме последната пречка, Македонија остана без шанси против Португалија и Кристијано Роналдо. Двата гола на Бруно Фернандеш во Порто, значеа рушење на сонот за испишување на историја.

Од регионов на Мундијалот ќе играат Србија и Хрватска, втората на последното првенство во Русија беше финалист, но не можеше да се носи со моќната Франција. Според обложувалниците главен фаворит за мундијалскиот пехар е најтрофејниот Бразил, кој зад себе има пет титули, последната во 2002-ра, кога моќните кариоки ги предводеше легендарниот Луиз Назарио Да Лима Роналдо.

Матеја Петровски