Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

На Украина и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана

Во раните денови на руската инвазија, небото над Украина беше главно незаштитено.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во раните денови на руската инвазија, небото над Украина беше главно незаштитено. Руските авиони извршија воздушни напади навлегувајќи во внатрешноста на земјата.

Но, Украина успеа да ја распореди својата противвоздушна одбрана. Украинските сили соборија десетици руски борбени авиони, хеликоптери, други авиони и проектили.

„Руските воздухопловни сили поседуваат огромна количина на потенцијална огнена моќ. Но, едноставно не може ефективно да ја искористат во моментов бидејќи Украина сè уште им го забранува пристапот до украинскиот воздушен простор, бидејќи тие сè уште ги имаат ракетните системи земја-воздух. Но, украинските залихи на ракети за противвоздушна одбрана речиси и не беа наменети да траат толку долго“, вели Џастин Бронк од Ројал институтот во САД.

Реклама

Во меѓувреме, Русија користи беспилотни летала од иранско производство и ракетни напади со долг дострел за да ги погоди градовите и инфраструктурата на Украина.

„Западот навистина треба да се фокусира на испорака на дополнителна муниција и евентуално замена на системите САМ, со системи што можеме полесно да ги поддржиме, затоа што тоа се системи од советската ера што ние самите не ги користиме на Запад”, додава тој.

Западните земји испорачаа различни системи за воздушна одбрана. Министерот за одбрана на Украина на Твитер објави дека неговата земја ги добила првите американски системи како и системите од Норвешка и Шпанија.

„Приоритет број еден се системите за воздушна одбрана. Нашите партнери го знаат ова многу добро“, вели Олексиј Резников министерот за одбрана на Украина.

Германија минатиот месец испрати систем за противвоздушна одбрана Ирис-Т – и достави десетици противвоздушни тенкови Гепард. Франција го испрати својот систем за воздушна одбрана „Кротале“.

Но, авторите на извештајот велат дека на Украина и треба повеќе од Западот. Напредните борбени авиони, исто така, би биле од важна улога.

„Дури и мал број ловци опремени со ракети и радари кои се способни да се сретнат со руските ловци на релативно еднакви услови“, вели Бронк.

Веројатната последица од тоа што Русија ќе добие контрола над небото е трагично евидентна, вели Бронк.

„Знаеме што се случува во Сирија кога руските воздухопловни сили можат релативно неказнето да напаѓаат од средна и поголема височина: бомбардирања од големи размери со многу неводени бомби не само на позициите на фронтот, туку и на опколените градови. Се сеќаваме на Алепо и Хомс“, додава тој.

Тие градови беа целосно уништени од воздушните напади на руската и сириската влада во 2015 и 2016 година во екот на граѓанската војна. Десетици илјади луѓе беа убиени, принудувајќи го повлекувањето на бунтовничките сили.

И, додека руските копнени сили се принудени да се вратат во источна Украина, аналитичарите стравуваат дека Кремљ сака да ја повтори тактиката што се користи во Сирија врз украинските градови.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон