Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Фатен е осомничениот кој што уби шестмина на денот на независноста на САД.

Шок, тага, неверување, но и гласни осуди по крвавиот напад во Чикаго.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шок, тага, неверување, но и гласни осуди по крвавиот напад во Чикаго. САД по којзнае кој пат се мета на крвави напади, последниот во Чикаго и тоа на прославата на Денот на независноста. Убиецот кој вчера смртно застрела шест лица, а рани уште најмалку 36 е фатен. Станува збор за 22 годишник кој качен на покрив од еден од повисоките објекти по случаен избор пукал во присутните на парадата…Хаосот траел со часови а осомничениот самиот им се предал на властите. Потресни се сведоштвата од луѓето кои со свои очи го виделе масакрот. Тие изјавија дека слушале пукотници и околу 200 истрели од огнено оружје. Луѓе што врескаат и трчаат. Трауматизирачко искуство што покажува дека американците веќе воопшто не се чувствуваат безбедни во сопствената земја.

„Го ставив син ми во контејнер со своето куче и се вратив да го барам остатокот од моето семејство. Ги оставив кај еден човек за да можам да се вратам да го земам мојот телефон и да го најдам остатокот од моето семејството затоа што и тие побегнаа. И тоа беше ужасно“.

Американскиот претседател Џо Бајден одржа едноминутен молк за жртвите, после што изјави дека нема да се откаже од борбата против вооруженото насилство во САД, кое секојдневно носи нови жртви. Имено од  почетокот на оваа година САД брои дури 300 масовни престрелки и стотици убиени. Последни беа масакрот на 24 мај кога беа убиени 19 училишни деца и двајца наставници во основно училиште во Увалде, Тексас, и нападот на 14 мај во кој загинаа 10 луѓе во самопослуга во Бафало, Њујорк.

Реклама

„Секој ден се потсетуваме дека нема ништо загарантирано за нашата демократија. Ништо не е загарантирано за нашиот начин на живот. Нема да се откажам од борбата против епидемијата на вооружено насилство, изјави претседателот на САД – Џо Бајден

Неодамна Бајден го потпиша првиот голем федерален закон за безбедност на оружјето усвоен во последните децении

„Да даде Господ, тоа ќе спаси многу животи“, рече Бајден во Белата куќа додека го заврши потпишувањето на законот.

Бојана Златкова