Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Катастрофален земјотрес во Авганистан, околу 1.000 луѓе загинаа

Речиси 1000 загинати и стотици ранети во земјотресот што рано утрото ги погоди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 1000 загинати и стотици ранети во земјотресот што рано утрото ги погоди  источните региони на Авганистан. Силниот потрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер, го почувствувале и жителите во Пакистан и Индија. Стотици куќи се уништени, а спасувачките екипи бараат преживеани под урнатите, стравувајќи дека бројот на загинати ќе расте.

„За жал, синоќа имаше силен земјотрес во четири окрузи на провинцијата Пактика, во кој загинаа и беа повредени стотици наши сонародници и уништени десетици куќи“ Ги повикуваме сите хуманитарни агенции веднаш да испратат тимови во областа за да се спречи понатамошна катастрофа, изјави Билал Карими – Портпарол на Владата

Спасувачки екипи пристигнуваат со хеликоптер за да ги евакуираат жртвите. Најмалку 90 куќи се уништени, а се верува дека десетици луѓе се заробени под урнатините. Фотографиите и видеата на социјалните мрежи покажуваат како луѓето се извлекуваат од урнатините во носилки. Авганистанците потресени раскажуваат дека нивните домови биле уништени.

Реклама

Беше полноќ кога се случи земјотресот. Децата и јас врескавме. Една од нашите соби беше уништена“, рече локален жител по име Фатима. Друг жител, Фајсал, рече дека бил испратен во болница и „видел многу мртви тела“.

На потресните снимки од земјотресот се гледа како толпа луѓе трчаат кон хеликоптерот кој слета за да им достави медицински материјали и храна. Луѓето се во паника а бројот на жртвите се уште расте. Сочувство за жртвите на земјотресот искажа и Папата Франциск.  

Во изминатите неколку часа, земјотрес предизвика голема штета во Авганистан. Изразувам сочувство до повредените и погодените од земјотресот и особено се молам за оние кои ги загубија животите и нивните семејства. рече тој.

Земјотресите, кои се чести во Авганистан, имаат тенденција да предизвикаат значителна штета во местата каде што има многу рурални области и каде живеалиштата се изградени според несоодветни стандарди. Во изминатите 10 години повеќе од 7.000 луѓе загинале во земјотреси во Авганистан. Синоќешниот, беше најсилен и однесе најголем број на животи во последните две децении во земјата.

Бојана Златкова