Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

Сослушување во Конгресот – Трамп вршел притисок да се поништат резултатите од последните претседателски избори во САД

Нови детали кои ја покажуваат опасноста по животот на потпретседателот Мајк Пенс…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови детали кои ја покажуваат опасноста по животот на потпретседателот Мајк Пенс на 6-ти јануари 2021-ва година – бунтовниците на само 40 метри од Пенс откако тој го одби неоснованото барање на поранешниот претседател Доналд Трамп да ги поништи изборните резултати во 2020-та година.

Советниците на Пенс го опишаа Трамп како тој ја поттикнал лажната теорија на конзервативниот адвокат Џон Истман дека американскиот потпретседател може да ги поништи или одложи изборните резултати.

На Пенс му беше кажано дека потпретседателот ја нема таа моќ и го предупредија на можните последици.

Реклама

„Таа декларација на Доналд Трамп за следен претседател би ја втурнала Америка во она што јас верувам дека би било еднакво на револуција во рамките на уставна криза“, рече судијата Ј. Мајкл Лутиг, советник на Пенс.

Речиси сите конгресни републиканци ја нарекоа истрагата на комитетот нелегитимна, но членот на комисијата Лиз Чејни рече дека Трамп, знаел тоа што го прави дека не е во ред.

„На Трамп постојано му беше кажувано, дека Пенс нема уставно и законско овластување да го прави она што тој го бара од него“, рече републиканката Лиз Чејни.

Поранешните советници во Белата куќа сведочеа дека Пенс ги отфрлил барањата на Трамп пред потврдувањето на изборните резултати на 6-ти јануари.

„И, покрај фактот што потпретседателот постојано му кажуваше на претседателот дека нема моќ да одлучува за исходот на претседателските избори, Доналд Трамп продолжи да врши притисок врз потпретседателот, јавно и приватно“, рече демократот Пит Агилар.

Притисокот што кулминираше со твитот на Трамп попладнето на 6-ти јануари, во кој го критикуваше Пенс – потег што ја разгоре атмосферата и поддржувачите на претседателот, охрабрувајќи ги да упаднат во американскиот Конгрес…

Бунтовниците не го најдоа Пенс, кој пак, инсистираше да остане во Конгресот за да го потврди изборот на Џо Бајден.

„Потпретседателот не сакаше да искористи шанса светот да го види потпретседателот на САД како бега од американскиот Конгрес. Тој беше решен дека ќе ја заврши работата што требаше да се направи тој ден“, рече советник на Пенс, Грег Џејкоб.

САД беа многу блиску до државен удар, велат истражителите, а еден од советниците на Пенс имал предупредување за Трамп и неговите поддржувачи.

„Тие би се обиделе да ги поништат изборите во 2024 година на ист начин како што се обидоа да ги поништат изборите во 2020 година, но би успеале во 2024 година, каде што не успеаја во 2020 година“, рече судијата Ј. Мајкл Лутиг, советник на Пенс.

Комитетот ќе продолжи со работа следната недела со јавни расправи во вторник и четврток.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон