Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ДВЕ ТРЕТИНИ ОД ХОТЕЛСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ ВО ОХРИД СЕ ПОЛНИ, ДОЈДОА И СТРАНЦИ ОД ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК

Првомајски, паразникот го раздвижи нашиот најголем туристички центар, донесувајќи гости од целиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првомајски, паразникот го раздвижи нашиот најголем туристички центар, донесувајќи гости од целиот свет. Вљубениците во Охрид уживаат во македонскиот бисер, покрај домашните, најбројни се гостите од опкружувањето ,а забележливо е присуство и на гости од европските земји и Далечниот исток. Широка насмевка ги краси лицата на странските туристи, чиј пат ги навел во Охрид.

Туристите кои исполнаа 70 % од сместувачките капацитети,уживаат во долгите прошетки по чаршијата, кејот, обиколувајќи го стариот дел на градот. Охрид никого не остава рамнодушен,туристите ја вдишуваат убавината на големото плаветнило, крстарејќи по езерската шир со охридската бела флота и бројните пловила.

„Има раздвиженост, има народ,па ќе видиме сега колку се со пари, колку ќе се возат и колку ќе потрошат но во секој случај е подобро гледаме.Кои тури највеќе ги сакаат турстите?  Истото, овие кратки тури од половина час до час над Канео, Титова резиденција и назад“, изјави Ирак Каневче – бродар.

Реклама

Ако првомајските празници се репер за успешноста на претстојната туристичка сезона,градот под Самоиловата тврдина оваа година ќе биде полн со гости.

„Очигледно е веќе дека почнува движењето да оди во позитивна насока, тоа може само да не радува имаме навистина и најави за престојната туристичка сезона.Сеуште не можам да кажам во проценти,верувајте сега тек почнуваме процентуално да ги сумираме тие туристички посети на Охрид“, изјави Тодор Аслимоски – туристички водич

Празничниот ден ги наполни терасите на кафулињата.Секој наоѓа забава за себе,која во Охрид и тоа како ја има. Туристичките работници веруваат дека деновиве се само најава за долго и бериќетно лето.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски