Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Втор обид за евакуација на жителите на Мариупол

Нов обид за извлекување на локалните жители во Мариупол. Според новиот режим…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов обид за извлекување на локалните жители во Мариупол. Според новиот режим на затешје, прекин на огнот ќе има до 18 часот, а населението втор ден во паника што побрзо да го напушти градот.

За евакуацијата определени се три локации во Мариупол, а според претходно договореното рутата завршува во Запорожје.   

– Авионите прелетуваат и јас само ги затворам ушите. Ова тука, се беше прекрасно, а сега е уништено.

Реклама

– Беше многу страшно.. мојот помлад син ми трчаше и ми викаше побрзо, побрзо, ќе бидеме застрелани, нема да бидеме безбедни, потоа дојдовме тука, сега тој е исплашен да излегува надвор, сега навечер плаче и се плаши…

Мариупол жителите може да го напуштаат и со приватни автомобили, но треба да ја следат рутата по организираниот превоз од локалните власти.

Си-Ен-Ен јавува дека преминот за евакуација на цивили од областа Ирпин утрово билгранатиран. Според информациите на украинските власти, загинале најмалку три лица, меѓу кои и две деца.

Сличен обид за евакуација на жителите од Мариупол и Волноваха имаше и вчера, но траеше не повеќе од три часа, откако двете страни се договорија за неколку часовен прекин на огнот. Затишјето беше прекинато порано а за тоа следуваа обвинување од  двете страни.    

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во последното обраќање предупредува дека руските сили се подготвуваат да го бомбардираат градот Одеса, на украинскиот брег на Црното Море.

– Тие се подготвуваат да ја бомбардираат Одеса.. Одеса!! Русите одсекогаш доаѓале во Одеса. Тие одсекогаш биле добредојдени во Одеса. Искреност! И сега што? Бомби против Одеса? Артилерија против Одеса?  Ракети против Одеса? Тоа ќе биде воено злосторство.. Мораме да излеземе! Мора да се бориме! Секогаш кога ќе се укаже прилика, додаде украинскиот лидер. 

Во меѓувреме, УНХЦР соопшти дека ова е најбрзо растечка бегалска криза што имало во Европа по крајот на Втората светска војна. Од почетокот на инвазија врз Украина своите домови ги напуштиле скоро 1,3 милиони луѓе, а следнава недела се очекува тој број да надмине 4 милиони.

Викторија Миткова