Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

САД започнаа имунизација на животните во зоолошките градини

Речиси 188 милиони Американци или 57% од вкупното население е целосно вакцинирано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 188 милиони Американци или 57% од вкупното население е целосно вакцинирано за Ковид-19. Но, во Соединетите Држави се оди и чекор понатаму. Започна имунизацијата на животните во зоолошките градини.

Девет големи мачки од Националната зоолошка градина во Вашингтон имаа позитивни Ковид тестови во септември. Веќе се чувствуваат подобро и јадат нормално откако беа третирани за секундарни бактериски инфекции.

Нема третман за самиот Ковид, па нашите ветеринари почнаа третман со антибиотици, лекови за болка и против лошење и за стимулирање апетит-рече Крег Сафо, Национална зоолошка градина.

Реклама

Се уште не е познато како се заразиле.

Најверојатно сценарио е дека асимптоматски вработен го пренел. Тоа е вирус кој се пренесува по воздух, па може да излезе и од маските-рече Крег Сафо, Национална зоолошка градина.

И кај други видови, како приматите, имаше потврден случаи на Ковид-19 во повеќе зоолошки низ Соединетите Држави.

Градините во Вашингтон и во Балтимор се меѓу првите кои се подготвуваат да употребат експериментална вакцина која треба да го зајакне имунитетот на животните кои се под ризик.

Процесот не би требало да биде компликуван со оглед на тоа што повеќето животни веќе се навикнати рутински да добиваат вакцини за други болести.

Фармацевтската компанија „Зоетис“ донира над 11 илјади дози вакцини за Ковид-19 на зоолошките градини низ земјата. Оттаму велат дека таа се покажала како безбедна и ефикасна кај кучињата и мачките, но дека се уште не е тестирана во зоолошките градини па тешко е да се каже дали и овие животни ќе бидат заштитени и колку долго.

Ако им се дадат две дози барем се намалува ризикот. Групите кои ја добиваат експерименталната вакцина имаат обврска да не известат нас и Одделот за земјоделство за вакцините и за тоа што се случило со тие животни-рече Махеш Кумар, „Зоетис“.

Со оглед на големиот број посетители на зоолошките градини се поставува прашањето дали инфекциите кај животните можат да претставуваат ризик за јавното здравје.

Веројатно не, зашто се малку на број, па инфекцијата сама би запрела, односно животните или би закрепнале или би угинале. На крајот на клиничкото испитување, доколку има инфекции во невакцинираните зоолошки, а нема во вакцинираните ќе имаме некои докази за моќноста на вакцината-рече Луис Шанг, виролог, Универзитет Корнел.

Вработените во зоолошката на Мериленд се надеваат дека вакцината ќе им даде дополнителна заштита на животните, особено на оние кои веќе се на листата „загрозени видови“

Губењето животно во зоолошката секогаш има последици. Тие се важни за програмите за размножување, важни се за групата во која се наоѓаат, очигледно дека би имало големи последици за нас-рече Елен Бронсон, Зоолошка градина на Балтимор.

Минатата недела снежен леопард кој имал симптоми на Ковид-19 угина во зоолошката градина во Јужна Дакота. Се чека на аутопсијата за да се утврди причината за смртта.

Над 70 зоолошки градини во САД започнуваат процес за имунизација на животните. Во првата фаза ќе бидат опфатени големите мачки и приматите.

За Алфа, од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.