Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Оризарите ќе ги бојкотираат пописот и изборите, продолжуваат и со протестите

Ниту премиерот, ниту министерот за земјоделие не одговорија дали лично ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту премиерот, ниту министерот за земјоделие не одговорија дали лично ќе се појават кај оризарите и да им објаснат зошто ги немаат исполнето предизборните ветувања. Заев вети дека нема да ги остават. Конкретни мерки најави за лозарите и индустриското јаболко, но не и за оризарите.  Три денари за лозарите, како и мерки за индустриското јаболко.

  „Исто така со три денари ќе помогнеме на индустриското јаболко, тоа е проектирао во буџетот. И во делот на оризовата арпа помагаме конинуирано и во делот на хектаража и во делот на субвенции. Дадов инструкции и насоки на министерот после консултациите да имаме максимален фокус и посветеност„-изјави Заев

Оризопроизводителите се категорични бараат 25денари за килограм арпа и 50денари за белиот ориз.

Реклама

 „Во 2017 рекоа дека штом ќе дојдеме на власт оризовата арпа ќе се откупува по 25 ден., а белиот по 50денари. Уште еднаш апелирам, премиерот и министерот да дојдат и да му објаснат на овој народ! Заев лаже! Министерот лаже! Николовски лаже! Тие со лага дојдоа на власт„-изјави вчера Здравко Арсов од ИНицијативниот одбор

За две недели ќе стартува новата жетва, а амбарите се полни со ориз од минатогодшната реколта. Доколку власта и понатаму остане глува, оризопроизводителите се заканија со граѓанска непослушност.

  „На гласање нема да излеземе ниту да се попишеме. Ние ќе се попишеме како робови. Ние сме робови во сопствената држава !„-изјави Здравко Арсов

   „Жетвата ќе започне за 15дена. Сега треба да правам нови шупи за да го складираме новиот ориз. Прво беше на 20дена дека ќе ни исплатат, па сега на три месеци. Знаете кога ќе земеме пари?-Никогаш!Само откупувачите се богатат, а ние немаме пари за гол живот„-изјави Трајчо Јованов

Иако оризо производителите најавија дека ќе останат на барикадите се до  исполнување на нивните барања, поради големиот притисок се повлекоа. Нов протест закажаа за наредниот вторник. 

Александра Ристевска