Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

САД си заминуваат од Авганистан – што следи?

Трката за евакуација на странски и авганистански државјани од Кабул е во…

Сподели:

Трката за евакуација на странски и авганистански државјани од Кабул е во тек. Неизвесно е дали операциите ќе продолжат и по 31 август, крајниот рок за повлекување на сојузничките сили.

Стотици американски војници пристигнаа на меѓународниот аеродром во Кабул за да помогнат во евакуацијата на американски и авганистански државјани.

„Ова е лично. И ќе ги извлечеме. Веќе евакуиравме приближно пет илјади луѓе и планираме да го зголемиме тоа“, вели генерал Марк Мили, началник на Генералштаб на Американската армија.

Реклама

Но, надвор од аеродромот евакуацијата зависи од соработката со Талибанците. Има извештаи дека милитанти го спречуваат пристигнувањето во безбедната зона и на Авганистанци на кои Соединетите Држави им имаат ветено дека ќе бидат евакуирани, но и на американски државјани.

Сепак, државниот секретар за одбрана, Лојд Остин, вели дека американските војници остануваат фокусирани на чување само на аеродромот.

„Немам способност да ги проширам операциите и во Кабул“, рече Лојд Остин, секретар за одбрана.

Соединетите Држави се согласија да го завршат повлекувањето до 31 август, но тоа може да не биде доволно време за да бидат евакуирани сите кои се под ризик.

Претседателот Џо Бајден во обраќање до нацијата рече дека ќе направи се што може за да ги извле сите американски државјани.

„Не можам да ветам кој ќе биде крајниот исход и дали ќе биде без ризик на загуби, но како врховен командант можам да ве уверам дека ќе ги мобилизирам сите неопходни ресурси, а како Американец ја нудам својата благодарност на храбрите мажи и жени од американските вооружени сили кои ја водат оваа мисија. Тие се неверојатни“, вели Џо Бајден, претседател на САД.

Нема конкретно ветување дека ќе бидат евакуирани и илјадниците Авганистанци кои соработуваа со американските и сојузничките сили.

Поради ова експертите сметаат дека е неизвесно како Авганистанците ќе гледаат долгорочно на Америка, тоа ќе зависи од она што следно ќе се случи.

„Мислам дека изминатите недела, изминативе денови беа неверојатно штетни. Мислам дека довербата еродираше меѓу нас. И една од работите што мора веднаш да ја направиме е да ја намалиме бирократијата околу прифаќањето на авганистанските бегалци“, рече Самар Али, од Универзитетот Вандербилт.

Но, брзиот колапс на американската мисија во Авганистан најверојатно ќе го натера Вашингтон да размисли два пати пред повторно да испрати војници во странство.

„Наследството од изминатите 20 години ќе бидат САД кои се многу, многу, многу поколебливи во вклучување во воени активности за градење нации каде било во светот“, вели Иен Бремер, Евроазиска групација.

Експертите гледаат краткотрајно намалување на американската кредибилност откако трупите ќе го напуштат Авганистан, но додаваат дека е премногу рано да се знае дали ќе има подолготрајна штета за клучните сојузи на САД.

Војната во Авганистан предводена од Соединетите Држави започна по терористичките напади од 11-ти септември при што странските сили им помогнаа на авганистанските сојузници да ги истераат Талибанците. Дваесет години подоцна, интервенцијата заврши со повторно враќање на Талибанците на власт.

За Алфа, од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.