Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Оризопроизводителите од Чешиново- Облешево немаат вода да ја почнат сеидбата

Сеидбата на ориз започна во Кочани, но не и во  Чешиново-Облешево. Постои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сеидбата на ориз започна во Кочани, но не и во  Чешиново-Облешево. Постои опасност помалку од 3000 хектари и годинава доцна да бидат посеани. Водата од системот се уште не е стигната до нив, па поради тоа сеидбата во овој регион ќе доцни повеќе од дваесетина дена, реагираат од Иницијативниот одбор на оризопроизводители.

    „ Водата тече 15-20дена. 50% таму не е посеано . Тоа значи дека овде ќе доцни од 20 до 25 дена. До 25мај со сигурност нашите површини нема да биддат посеани. Тоа значи помал принос, дупли трошоци бидејќи земјата дупло ќе треба да се обработува„- изјави Здравко Арсовски од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството.

Увозот, неисплатената зелена нафта,непродадениот ориз од лани и зголемените површини можат да предизвикат сериозен пад на откупната цена, сметаат оризопроизводителите. Стравуваат дека  догодина оризовата арпа би можела да  се продава по симболични 10денари по килограм.

Реклама

 „Сега снимате овде , но дојдете дома да видите. Глувци, врапци направија лом. Нема кој да го откупи. И ние зошто да сеиме? 5000хекатари само во Кочанско поле. Со Крупиште, Виница и штипскиот регион достигнува приближно 7000хекатари. Па ние сега не можеме да го продадеме, а догодина ќе го продаваме за 10денари. Срамота!Голема брука „-изјави Небојша Ѓеоргијев-оризопроизводител

   „НИе сме принудени да сееме ориз. Водата од браната се испушта во нашето поле. Имаме златна култура, а државата увезува ориз… Државата треба да се грижи за нас бидејќи ние не сме и социјален проблем, не сме и товар. Што ќе се случи ако ова поле го оставиме и отидеме да се пријавиме за социјална помош„ –изјави Влатко Стојанов-оризопроизводител 

За оризопроизводителите лани беше една од најтешките години, а  оризовата арпа одвај ја продаваа по цена од 16 до 18денари по килограм. 

Александра Ристовска