Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

Бесконечност борба за еднаквост во САД-за 20 години белците помалку од половина од населението?

Соединетите Држави стануваат се помултиетничка земја. До 2045-та се очекува белците да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соединетите Држави стануваат се помултиетничка земја. До 2045-та се очекува белците да сочинуваат помалку од половина од населението. Ова е една од причините што се погласно се бара поголема застапеност на малцинствата насекаде, па и во детската литература.

Многу американски деца растат читајќи книги во кои нема ликови слични на нив. Таков бил случајот и со Криста Аронсон.

Како возрасна можам ги увидам начините на кои имањето повеќе деца како мене ќе можеле да ме направат да се чувствувам посамоуверено и поудобно во светот, помалку како аутсајдер-рече Криста Аронсон, професорка по психологија.

Реклама

Ова е една од причините поради кои таа основала веб сајт за пронаоѓање книги со културен диверзитет.

Кога децата ќе се видат себе си во литературата која ја читаат, тоа им помага да разберат дека се видливи и вредни членови на општеството, што може да им помогне да изградат позитивни чувства за нивните идентитети-рече Криста Аронсон, професорка по психологија.

Овој веб сајт им помага на библиотекарите но и на наставниците и родителите да најдат инклузивни книги за децата.

Џејсон Хомер е директор на библиотека во мултиетничко соседство. Тој вели дека сака читателите да можат да се видат себе си, но и реални претстави на другите кога читаат книга.

Сакаме книгите да бидат и прозорец и огледало за луѓето. Сакаме децата да можат да се видат себе си во книгите и да можат да видат други култури, диверзитетот е суштински дел од градењето на колекциите во библиотеките-рече Џејсон Хомер, директор на библиотека.

Со него се согласува и Филип Нил кој е професор по детска литература.

Децата треба да се гледаат себе си во книгите кои ги читаат. Треба да знаат дека нивните приказни се важни, нивните животи се важни-рече Филип Нил, професор по детска литература.

Експертите велат дека недостатокот на диверзитет во книгите негативно влијае на сите деца, не само на оние од маргинализираните групи.

Тоа исто така влијае штетно на фантазијата на децата од мнозинството, на белите деца зашто им сугерира дека тие се центарот на универзумот. Им сугерира дека само нивната приказна е важна, знаете им вродува лажно чувство на супериорност кое може да помине во расистички погледи-рече Филип Нил, професор по детска литература.

Пред само еден месец беше објавено дека шест книги од најпознатиот детски автор во САД, доктор Сус, неколку децении по нивното објавување, ќе бидат повлечени од книжарниците и библиотеките.

Во една од нив главниот лик е Кинез кој е прикажан со цртички на лицето наместо очи, а во друга луѓе од Африка се илустрирани без облека и чевли, само со сукњи направени од трева.

Издавачот оценил дека ова претставува расистичка содржина.

Барањата за расна еднаквост и малцински права стануваат се погласни во американското општество, а особено се засилија минатата година за време на масовните протести по смртта на Џорџ Флојд.

За Алфа, од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.