Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта намерно одолговлекува набавка на апарати за отпечаток на прст; Заев: Веднаш да се обезбедат

Опозицијата инсистира власта да го почитува законот, односно на претстојните избори да…

Сподели:

Опозицијата инсистира власта да го почитува законот, односно на претстојните избори да има апарати за отпечаток од прст за изборите да можат да бидат фер и демократски, велат апаратите се услов за учество на претстојните избори. Власта се правда пари обезбедиле, но дали имало време за набавка. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вели дека законот е закон и мора да се имплементира за во иднина да нема нерегуларности како оние на референдумот и изборите потоа.

Во рамките на октомври минатата година, претходниот претседател на Државната изборна комисија до министерот за финансии побарал средства за набавка на терминалите, но не добил одговор. Новиот претседател на ДИК, колку што успеав да слушнам во медиумите, повторно побарал и добил одговор дека парите ќе бидат обезбедени во ребалансот, но дали ДИК е подготвена да го спроведе Законот. Тоа е исто како да ве прашаат дали сте вие подготвени на семафор на црвено да застанете или да продолжите. Се знае има правила има закони има Устав во оваа држава вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека Албанија во рок од 3 месеци успеала со реализација за набавка и обука за апаратите за отпечаток и вели Македонија има време до изборите да го стои истото. Првиот човек на опозицијата ги повика надлежните институции, да и излезат во пресрет на ДИК и ова што е законско решение за кое гласале сите политички парламентарни партии, да биде операцијализирано.

Реклама

Заев прифаќа дека мора да има фингер принт апарати.

Министерот за финансии реагираше конкретно, пари има, ако фалат, имаме ребаланс. Дадовме и писмено од страна на Министерството на финансии за да можат претседателот на ДИК и цела ДИК веднаш да влезат во постапка на набавка на апаратите за отпечаток на прст. Верувам дека има современи европски технологии, тоа може брзо да се направи, имаме јасни постапки во државата, до изборите имаме некои 8 месеци во кои можеме да стигнеме-рече Зоран Заев – претседател на Влада.

Тој вели дека МВР е подготвено да ја сподели базата со ДИК и немало пречки за да се реализира ова.

Иако Заев тврди дека МВР се подготвени за да ги споделат податоците со Комисијата, сепак на денешната средба на ДИК со Спасовски, од МВР велат не биле подготвени засега да ги дадат податоците, бараат законски измени кои можат да бидат донесени со договор меѓу работните групни на политичките партии за измени на изборниот законик.

Мери Ѓорѓиева