Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Субвенции за плати или бескаматни кредити – одлуката ќе се знае најдоцна до понеделник

Владата се уште не се договори со бизнисмените и синдикатите каква ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата се уште не се договори со бизнисмените и синдикатите каква ќе биде поддршката за исплата на плати – субвенции или бескаматни кредити. Вицепремиерот Битиќи индиректно дава сигнали дека ќе се оди на втората опција. Вели – никогаш не рекле дека дадените државни пари се неповратни, туку фирмите требало да исполнуваат разни услови. Утре или задутре и официјално ќе била донесена одлуката околу платите. Битиќи вели падот на приходите во стопанството од месец во месец бил се помал, а поддршката за работниците која фирмите ја побарале за исплата на плати се намалила од 128 илјади работници во април лани на 60 илјади во декември.

За разлика од Владата која ги форсира бескаматните кредити како помош, бизнисот и синдикатите отворено се за субвенциите  за исплата на плати да продолжат продолжувајќи од јануарската плата. Бизнисмените тврдат дека со бескаматните кредити нема ништо да се постигне, само ќе се намалеле трошоците на Владата. Поради многуте услови, голем дел од фирмите најверојатно немало ниту да аплицираат за кредити и ќе бидат принудени да поделат откази на работниците, кои колку толку досега ги заддржувале на работа со субвенциите за плати. Синдикатите пак тврдат дека со измените на мерката ќе се отвори простор за манипулација со работниците.

Инаку, со мерката отпис на камати на долгови ќе бидат опфатени најмалку 180 илјади граѓани, колку што во моментов имаат блокирани сметки. Сепак, за подиректна помош кон населението освен ваучерите за туристички патувања од 250 евра, засега нема најави.

Реклама

За слабата искористеност на 4-те сета антикризни мерки, односно 350 милиони евра од вкупно над една милијарда евра, Битиќи прстот го впери во опозицијата. Стотици милиони евра стоеле неискористени бидејќи политиката, според него, преовладеала над логиката. Инаку 5-тиот пакет мерки доцни. Првично најавен за крајот на јануари, се одложи за стартот на февруари, а сега Владата тврди дека ќе с еобјави следната недела.

Тања Попова