Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Свет

Со огномети и празни улици светот ја пречека 2021 година

Спектакуларни огномети, но полупразни улици, празни ресторани и затворени градови. Светот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спектакуларни огномети, но полупразни улици, празни ресторани и затворени градови. Светот за прв пат ја дочека новата година во таканаречената нова нормалност. Короната го стори своето. Шампањското и новогодишната наздравица се одвиваше во затворените домови, а спектаклите на полноќ се следеа пред ТВ екраните или од терасите.

Во повеќето светски метрополи традиционалните прослави на отворено или по ресторани и барови беа забранети, но имаше и такви каде безгрижно се дочекуваше новата година.

Реклама

Главната прослава за Нова година во САД, која традиционално се одбележува уште од далечната 1907 година во Њујорк со спуштањето на кристалната топка на Тајмс сквер, беше затворена за јавноста. Наместо чинот да го дочекаат илјадници луѓе, годинава тоа се сведе на стискање на копчето од страна на Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио  на минута пред полноќ.

Оваа Нова година всушност ќе биде најспецијална, најпотресна и најтрогателна. Во 2021 година ќе им покажеме на луѓето како можеме да закрепнеме, да се вратиме назад, додаде тој.

И на улиците во Русија беше тивко. Традиционалниот огномет се одржа во Москва, но баровите и рестораните беа затворени пред полноќ. Црвениот плоштад исто така беше затворен и добро чуван од полициските сили.

Во Берлин каде што претходните години стотици илјади луѓе ја прославуваа Новата година со концерти и огномет, овој пат сè беше празно.

Париз  мобилизираше 100.000 полицајци за да ги растураат забавите и да го спроведат полицискиот час против коронавирусот за време на новогодишната ноќ.

Во Англија, традиционалното шоу беше откажано. Сиднеј не разочара со уште едно спектакуларно новогодишно шоу, но оваа година без публика, за разлика од  Нов Зеланд каде 2021-та се дочека без рестрикции затоа што оваа змеја нема новозаразени. Во епицентарот на епидемијата, кинескиот град Вухан огромна толпа со маски одбројуваше до полноќ. Тајланд понуди огромен  музочки перформанс со пораки за надеж, љубов и среќа, иако прославите беа забреанети .

И улиците во Истанбул беа празни на новогодишната ноќ, бидејќи Турците ја дочекаа 2021 година под блокада. Безбедносните сили беа видени на улиците во Истанбул, бидејќи градот беше под полициски час . Многу градови во Грција подготвија раскошен огномет, а грчките медиуми објавија дека тоа било една од најспектакуларните пиротехнички изведби на сите времиња.

Маја Терзиова