Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Хотелиерите се жалат на условите што им ги поставува државата за да им даде помош

Откако државата буквално ги услови хотелиерите да ги вратат на работа сезонските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако државата буквално ги услови хотелиерите да ги вратат на работа сезонските работници,ако сакаат финансиска помош,хотелиерите ги добија субвенции за исплата на минимална плата,ама само за месец ноември. Ако сакаат да ги добијат ветените пари,наменети за плати на 60% од вработените и за месец декември, ќе мора повторно да аплицираат и да приложат соодветна документација како доказ дека сезонските работници ќе останат на работа се до месец фебруари.Ваквите итар-пејовски решенија немаат никаква оправданост,капацитетите од почетокот на ноември се затворени, а ние сме принудени дополнително да вработуваме персонал,велат хотелиерите.Тие се чувствуваат изиграни, бидејќи овој сет мерки ниту бил навреме објавен ниту хотелиерите знаеле што истиот содржи за да можат да се подготват.

  • Еден од колегите го нарече ова Итар Пејовски мерки.Доста хотели не ја добија таа обеќана помош се затекнаа без претходно знаење.Значи тие мерки не беа објавени во авугст или септември па ние да знаеме како ќе се одвиваат работите и што треба да правиме понатаму.Посекако ние немавме работа-рече Крсте Блажески-Претсед.на Хотам.

 Факт е дека не добивме помош каква што очекуваме,вели Блажески туку напротив погодени од пандемијата,во година во која работевме само 45 дена,ние не само што  не успеавме да спечалиме, за да можеме сами да ја пребродиме кризата,во мртва сезона вработуваме персонал кој не можеме да го опслужиме. 

Без никакви приходи, не можеме да се опстанеме-велат од ХОТАМ а проекциите,не влеваат оптимизам.

Реклама
  • 2023-та прогнозата е да се врати побарувачката на  услогите на 100 % од тоа што била 2019-та, а тек 2026-та покрај побарувачката и ценовно, значи куповната моќ и просечната цена на пазарот да биде изедначена со 2019та.Тоа е проекцијата, значи пополека ќе се разива тој дел пошто знаеме дека најголем удар претрпе туризмот, меѓутоа  тој и најспоро може да крене-рече Филип Мишевски-хотелиер.

Дел од хотелите се до гуша во долгови,хотелиерите кажуваат дека штетите се ненадоместливи и оти веќе не можат да ги подмируваат тековните трошоци. Доколку кризата потрае, ќе пропадне хотелскиот бизнисот велат од ХОТАМ дополнувајќи дека им тежат и милионските кредити.

Росица Голабоска