Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Протести на производителите на ориз поради цената што не им ги покрива ниту трошоците

Оризопроизводителите го изгубија трпението. Утрината со колона од трактори која помина по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оризопроизводителите го изгубија трпението. Утрината со колона од трактори која помина по магистралниот пат од Облешево до Тркање го искажаа своето незадоволство. Велат срамно е што и по толку молења и апели власта се уште е глува и нема на нивните барања. Побараа оризовата арпа да се продава од 25 до 30, а белиот ориз од 50 до 60 денари, да се воведат дополнителни пет денари, чисти канали, а водата за наводнување да се пушта најдоцна до 5мај..     

   “Субвенционирањето на оризот да биде 30.000 денари по хектар. Бараме зголемување на квотата за зелена нафта, бидејќи сега ни пресметуват 40 литри по хектар, а на нас ни е потребно од 120-150литри”-изјави Драгољуб Гаврилов,оризопроизводител.

Ние бараме маката наша да биде платена. Пред месец дена бевме кај ресорниот министер, се договоривме за средба. Тој дојде во Кочани, но не се сретна со оризопроизводителите, туку со откупувачите и градоначалникот на Кочани-изјави Здравко Арсов-Иницијативен одбор за спас на оризопроизводителите”…

Реклама

Лошата година ги клекна на колена оризопроизводителите. Со откупна цена од само 17денари за килограм оризова арпа не можат да ги покријат трошоците, а камоли да  спечалат нешто.

 “Јас не сум продал ниту едно зрно ориз. Не можам да го продавам за 17 денари. Математиката не ми се поклопува и затоа ќе се откажам.Наредната година нема да сеам”- изјави Трајчо Јованов, оризопроизводител од с. Горни Подлог

“Ние сме третиот економски столб во оваа држава , а ние сме диаскриминирабни и притиснати на работ на општеството “-изјави Стојче Ташовски, оризопроизводител од с. облешево

 И покрај притисоците од страна на власта за денес да не излезат на протести оризопроизводителите не отстапуваат од своите барања. Се заканија   со секојдневни  блокирање на патот Штип-Кочани. 

Александра Ристевска