Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Свет

Пандемијата покрај здравствените остава и сериозни економски последици во САД

Пандемијата покрај здравствените остава и сериозни економски последици. Најпогодени се најсиромашните. Годинава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пандемијата покрај здравствените остава и сериозни економски последици. Најпогодени се најсиромашните. Годинава бројот на луѓе кои бараат помош од хуманитарните организации во Соединетите Држави е зголемен за 50%.

Земањето донации од Армијата на спасот и од други хуманитарни организации стана секојдневие за Ерика Санчез, сиромашна мајка на три деца која живее во Вашингтон.

Реклама

Во моментов многу ни помага зашто немаме средства да купиме јакни, чизми, па мораме да дојдеме овде за да ни ги подарат, изјави Ерика Санчез, жителка на Вашингтон

Ерика, која е родена во Мексико, била помошник – готвачка но поради пандемијата нејзиниот ресторан се затворил. Потоа нашла нова работа, да собира смет во една канцелариска зграда, но сега едвај врзува крај со крај.

Заработував 13 долари на час на мојата работа. Сега заработувам 16.10 на час, но работам само 4 часа, па се чувствува разликата, дополнува Санчез

Од Армијата на спасот велат дека бројот на луѓе на кои им е потребна помош годинава е значително зголемен.

Ние сме богата земја, но луѓето овде во САД исто така немаат храна, немаат каде да одат по пандемијата зашто нема работа и луѓето сега страдаат, изјави Срикан Батнагар од Армија на спасот

Многумина не можат да ги платат комуналиите. Долговите по основа на неподмирени сметки достигнаа 24 милијарди долари. Се повеќе луѓе се соочуваат со исклучување на греењето и тоа пред долгата, студена зима.

Ова отвора работа за хуманитарните организации. Бет Амодио е основачка на „Топло палто“, здружение кое собира и дистрибуира стара облека.

Најголем процент од акциите за собирање палта секоја година се организирани од вработени. Многу компании се уште работат од далечна, па сега имаме 56% помалку акции во однос на истиот период лани. Од друга страна, нашите агенции имаат за 50% поголема побарувачка, истакна Бет Амодио, основачка на „Топло палто“

Но, потребно е многу повеќе од топла облека, вели Џеки Дидио чија непрофитна организација која меѓу другото нуди и бесплатна градинка за сиромашните деца во Александрија, Вирџинија.

Вообичаено на 15% од семејствата им даваме помош за кирија или други можности за пристап до храна, намирници и интернет. Но, сега гледаме дека побарувачката е многу зголемена, вели Џеки Дидио од центри за деца и семејства

Посебна категорија на која особено и е потребна поддршка се бездомниците.

Било каква оброци и донации секогаш помагаат, изјави Анџелика Смит, волонтерка во Центар за бездомници

Центрите во кои им се нуди преноќиште и топол оброк имаат многу работа, особено во оваа зимска сезона.

Во Соединетите Држави има над половина милион бездомници. Најголем дел од нив живеат во сојузната држава Калифорнија, како и во Њујорк и Флорида. За Алфа, од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.