Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Економија

Хотелиерите најавуваат протест пред владата

Хотелиерите најавуваат протест пред Владата доколку не ги добијат субвенции за исплата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хотелиерите најавуваат протест пред Владата доколку не ги добијат субвенции за исплата на минимална плата за месеците октомври, ноември и декември.За да ги добијат ветените пари,намемети за плати на 60% од вработените,државата сега ги условува хотелиерите да ги вратат на работа сезонските работници кои согласно склучените договори биле ангажирале само во месец август.Тоа е нелогично велат хотелиерите од проста причина што капацитетите од почетокот на овој месец се веќе затворени.

„Сега само заради нив не добиваме исплата на останатите да кажам над 100 вработени што ги чуваме по цела година.Па сега за месец ноември и декември законски како што гледаме како би добиле поддршка, треба да ги вратиме сезонците, а ние ги затвораме хотелите.“ – вели Крсте Блажески – ХОТАМ.

Без никакви приходи, не може да се опстане-велат од Хотелската асоцијација на Македонија. Од таму не откриваат колку хотели на охридско-струшката ривиера се презадолжени,нити за колкава сума станува збор, но експертите туризмолози калкулираат со двоцифрени милионски суми, изразени во евра.Дел од хотелите се до гуша во долгови,доколку не им се излезе во пресрет,отворено кажуваат дека ќе мора да ги отпуштаат вработените.Кажуваат дека штетите се ненадоместливи и оти веќе не можат да ги подмируваат тековните трошоци. Доколку кризата потрае, ќе пропадне хотелскиот бизнисот велат од ХОТАМ дополнувајќи дека им тежат и милионските кредити.

Реклама

„Меѓутоа тие сретства на долг рок нема шанси да се враќаат доколку од март месец догодина не почне кризата да се нормализира.Трошоци кај нас огромен дел околу 70% се фиксни  од кои најголем дел припаѓаат на плати на вработените.“ – изјави Филип Мишевски – хотелиер.

Корона кризата остава несогледливи последици врз туризмот,безмалаку сите хотели на охридско-струшката ривиера заклучно со почетокот на овој месец затворија и нема да работат до на пролет.

Росица Голабоска