Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Црвениот аларм одамна прегоре – Заради неспособноста на Заев и Филипче имаме над 300 заразени од корона вирус

Црвениот аларм одамна е прегорен. Заради неспособноста на Заев и Филипче само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црвениот аларм одамна е прегорен. Заради неспособноста на Заев и Филипче само во текот на вчерашниот ден имавме 317 новозаболени од корона вирус. Македонија тоне, а народот е во страв, затоа што власта на време не си ја заврши работата и не го организира општествтото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакуваат дека Филипче кога вели дека одиме кон есенски бран, треба да знае дека Македонија не излегла од пролетниот бран.

-Коронавирусот во Македонија е континуирано присутен на кризата до денес. И тоа е единствено вина на Заев и Филипче, кои несериозно го сфатија вирусот. Дополнително загрижува фактот што се ближиме кон сезоната на грип, билниците по обичај ќе бидат преполни, а нема ниту вакцини против грип. Поради неспособноста на Заев и Филипче ќе имаме општ хаос во болниците низ државата. Ако сега имаме над 300 заболени на ден, колку треба да очекуваме за месец или месец и половина од сега?! Што треба да се случи за Заев и Филипче да сфатат дека коронавирусот е сериозна опасност и дека тој не се лекува со прес конференции и евтин ПР?! Тоа можеби носи поен плус на нивното политичко конто, но никако не носи сигурност за граѓаните. СДСМ мора да сфати дека за справување на пандемија од светски размери е потребна сериозна стратегија и широка општествена вклученост на сите релевантни чинители. Заради игнорантскиот однос на власта, граѓаните само тонат и живеат во страв, се наведува во соопштението на партијата.