Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

5 лица починаа од коронавирус во Македонија, 88 новозаразени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, Македонски Брод-1, Виница-1 и Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-16, Тетово-10, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-4, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-4, Пробиштип-2, Пехчево-2, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.

Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г).

Реклама

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•Скопје 6629, активни 586

•Куманово 1701, активни 193

•Дебар 276, активни 36

•Штип 1233, активни 57

•Прилеп 624, активни 120

•Тетово 1387, активни 168

•Струга 650, активни 64

•Велес 309, активни 35

•Битола 274, активни 64

•Охрид 409, активни 47

•Кавадарци 215, активни 33

•Гостивар 908, активни 100

•Гевгелија 107, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

•Струмица 184, активни 115

•Крива Паланка 98, активни 28

•Радовиш 71, активни 21

•Крушево 20, активни 3

•Кочани 267, активни 103

•Пробиштип 104, активни 20

•Демир Хисар 61, активни 2

•Македонски Брод 91, активни 12

•Пехчево 42, активни 9

•Берово 84, активни 26

•Валандово 17, активни 8

•Виница 99, активни 25

•Делчево 145, активни 76 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

•Кратово 24, активни 3

•Свети Николе 316, активни 17

•Кичево 313, активни 37

•Ресен 160, активни 12

•Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1618 теста се преку: ИЈЗ-216, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-323,  Биотек-282, МАНУ -149, Жан Митрев (Филип Втори)-213, Систина со PCR метода -192, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-55, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 162, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

•Чаир – 64

•Гази Баба – 72

•Аеродром – 87

•Карпош – 68

•Центар – 80

•Кисела Вода – 53

•Ѓорче Петров – 36

•Бутел – 31

•Шуто Оризари – 17

•Студеничани – 10

•Сарај – 13

•Арачиново – 9

•Илинден – 16

•Сопиште – 4

•Чучер Сандево – 3

•Петровец – 7

•Зелениково – 2

•Странец – 8

•Нераспределен-6