Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Кривични пријави за 344 фирми кои не исплатиле плати за вработените

Рокот за исплата на плата од доделената државна помош истече. Газдите кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рокот за исплата на плата од доделената државна помош истече. Газдите кои поделија плати, се спасија. За другите следуваат кривични пријави. Од Генералниот секретаријат на Владата велат дека кривични пријави ќе има за 344 компании. Списоците биле ажурирани, па од 708 фирми кои првично се најдоа на неславната листа на компании што не поделија плати за април и мај, половина побрзаа да ги исплатат работниците во дополнителниот рок, а половина ќе бидат казнети.

Владата денеска ќе поднесе барање до Основното јавно обвинителство за работодавачите кривично да одговараат. Со истите бројки излезе и Управата за јавни приходи.

„Заклучно со плаќањата до 07.08.2020 година за април не исплатиле плати 147 фирми а за мај 197 фирми на кои им била исплатена финансиска помош а не исплатиле плата на вработените“ – велат од УЈП.

Реклама

На управителите им се заканува затворска казна од 1 до 10 години, а паричните глоби изнесуваат 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице во компанијата. Дополнително, околу 3.700 фирми им поделија помалку пари од минималецот на над 52 илјади вработени. Фирмите добија 14.500 денари по работник за месеците април и мај. Државниот буџет беше оштетен за 384 илјади евра. УЈП ќе ги објави злоупотребите за исплата на јунската плата набрзо.

И покрај барањата на бизнисите кои кубурат со пари, Владата не помогна. Не предвиде државна помош за исплата на плата за јули и август. И додека компаниите најавуваат затворање на бизнисите и нови откази, задолжувањето за трите сета економски мерки надмина милијарда евра, а јавниот долг достигна историски највисоки 59,5% од БДП.

Тања Попова