Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

На плажа под маски – се укинуваат ограничувањата во угостителските објекти

Задолжителна маска и физичка дистанца од 1,5 – 2 метри и на…

Сподели:

Задолжителна маска и физичка дистанца од 1,5 – 2 метри и на плажа и во вода, само 15 гости на 100 метри квадратни, често миење на рацете со вода и сапун и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите, се дел од новите протоколите кои ги усвои владата за работата на базените и плажите. Редари ќе го регулираат присуството на лица, бидејќи истото се ограничува. Граѓаните пред да влезат во базен задолжително ќе мора да се тушираат и дезинфицираат. Лежалките мора да бидат оддалечени една од друга минимум два метри и да се дезинфицираат пред користење. Онака како што сега изгледаат протоколите, тешко дека со нивно стриктно почитување ќе може да се обезбеди рентабилно работење, се жалат угостителите. За нив најспорен е условот според кој на плажите ќе смее да има максимум 15 лица на 100 метри квадратни.

Според новите протоколи, сега во кафуле и ресторан ќе може да седнат повеќе од двајца кои не се во роднинска врска. Од туристичката угостителска комора алармираат за огромните загуби досега, а за полесно опоравување бараат надлежните да дадат зелено светло за организирање на прослави.

“Секое олеснување помага на некој начин за подобро да се работи. Очекуваме, она што го адресиравме во последниот период е во наредниот период да имаме дозвола за организирање на прослави. За да може значајно да се придонесе во работата на угостителските објекти. Сведоци сме дека во изминатиов период се случуваа одредени видови на прослави како што не треба да се случуваат затоа апелиравме до надлежните да дадат протоколи.” – вели Мартин Ангеловски – потпретседател на туристичко угостителска комора.

Реклама

Инаку, туристичките работници беа први на удар од корона кризата. Банкрот им се заканува на туристичките агенции бидејќи пет месеци се со клуч на врата. Со тоа, 5.000 семејства ќе останат на улица,  уште во август, ако продолжи  ваквата ситуација предупредија неодамна туристичките агенции.

 

Ања Василева