Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Бараат глас со брашно и зејтин од тешко болен инвалид-семејство од Брвеница се жали на притисоци од СДСМ

“Мизерно, значи помизерно нема од тоа да го поткупуваш ти човек инвалид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

“Мизерно, значи помизерно нема од тоа да го поткупуваш ти човек инвалид со пакет храна. Тоа не им го опростувам. Ќе идам и на суд, додека можам да се борам.” –  вели Марина Златановска.

Вакви притисоци од општинската организација на СДСМ од Брвеница семејството на Марина трпи секои избори.Решила да прогори јавно за тортурата која веќе не може да ја издржи,а најмногу ја боли што бараат гласови на маката на нејзиниот тешко болен татко,кој го притискаат да гласа, а не е способен.Никогаш не прашале како живееме и се бориме со неговата болест, а за избори се први да агитираат, се жали нашата соговорничка, која тврди дека чесно си го заработуваат лебот,не биле партиски вработени,ниту  партиски определени како семејство.

“Koja ќерка, која мајка, сопруга, би дозволила во сред пандемија јас дома да донесам 5-6 луѓе, да гласа човек на кој му е одземен говорот  и движењето на десната рака, да го малтерирам да заокружува, а не знам дали знае што се случува..сакам да разберат дека не можат да чепкаат човек кој се бори за живот секој ден,и било кој да е истото би го направил, зошто многу боли..да користиш ти кампања на човек инвалид, тоа можат само тие.”- изјави -Марина Златановска.

Реклама

Подготвена  е и кривично да гони дел од раководството на СДСМ во Брвеница, за притисоците, но и честите вербални напади кон нејзиното семејство. Притисоци трпат и бројни други семејства, тврди Марина, но, немаат храброст јавно да проговорат.

“Одев во продавница со моето мало дете да му купам нешто,штабот им е до куќата моја..ме допираат едноставно, кога да дојдеме,како да дојдеме? јас сум искрена, викав се расправав, затоа што е болка, и секој што има болен родител ќе ме свати.” – вели Златановска.

Се обидовме да најдеме дел од раководството на СДСМ во локалната канцеларија во Брвеница,но вратата беше заклучена.Во телефонски разговор, претседателот на општинската организација ,ги негираше обвинувањата,со одговор дека тоа не биле притисоци, туку понудена помош,да им се олесни начинот за гласање на болно лице.

 

Милена Вучевска