Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

622 случаи на непочитување на одлуката на владата за ограничување на движењето изминатиот викенд

Министерот Наќе Чулев во фејсбук статус објави колку прекршувањата биле евидентирани во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот Наќе Чулев во фејсбук статус објави колку прекршувањата биле евидентирани во продолжениот карантински викенд.

Во текот на изминатите неколку денови, почнувајќи од четврток од 21 часот, заклучно до денес 05 часот од страна на Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава констатирани се вкупно 622 непочитувања на одлуката на владата за ограничување на движењето, најголемиот дел од нив 340 прекршувања се констатирани на територијата на секторот за внатрешни работи во Скопје.
Вкупно до сега констатирани се 5397 прекршување на одлуките за ограничување на движењето на граѓаните.

Во однос на уредбата за задолжително користење на заштитна опрема, констатирани се вкупно 1777 непочитувања на оваа уредба. Најголемиот дел од нив се однесуваат на територијата на СВР Струмица констатирани се 417 непочитувања и на територијата на СВР Охрид 356 непочитувања.
Вкупната бројка на констатирани непочитувања на оваа уредба до сега е 8180 непочитувања и сите нив се изготвени соодветни поднесоци.

Реклама

Изминатиот викенд во соработка со ДПИ извршени се вкупно 1543 контроли во угостителски објекти при што констатирани се вкупно 22 непочитувања: 18 на територијата на СВР Охрид и 4 на СВР Струмица.
Во конкретниот период издадени се вкупно 1648 решенија за изолација и потпишани се 584 изјави за самоизолација.

Од страна на Министерството за внатрешни работи извршени се вкупно 8701 контрола на самоизолација и изолација.

 

https://www.facebook.com/NakjeChulev/photos/a.112821600244643/165436794983123/?type=3&theater