Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Заев сака брзи избори во јуни, Мицкоски во првата половина од јули

Полека се приближуваат ставовите на политичките лидери околу датумот на предвремените парламентарни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полека се приближуваат ставовите на политичките лидери околу датумот на предвремените парламентарни избори. По последните изјави на лидерите на двете најголеми политички партии се поизвесно е дека на избори ќе се оди летово, но не е договорено дали во јуни или крај на јули, односно дали ќе се  одржат брзите корона избори што ги бара лидерот на СДСМ Зоран Заев во јуни, или кон крајот на јули, како единствен можен и најран термин што го гледа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Заев, во интервју за ТВ 24 најави дека на предстојната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, која веројатно ќе се одржи на 12 мај или следниот вторник ќе побара веднаш да се оди на избори ако се укинат или пак, олабават мерките за превенција од коронавирусот.

“Дефинитивно она што треба да преовлада е интересот на државата, дали ќе ја ставиме во ризик и да влезе во уставни проблеми од кои нема решение или навистина ќе бидеме одговорни и ќе го прифатиме првиот можен рок, а тоа сметам дека е средината на јуни“, рече во интервјуто Заев.

Реклама

Уште една причина плус за побрзо одење на избори според Заев е и можниот нов бран на заболени од коронавирусот во септември.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак во интервју за истата телевизија, рече дека здравјето на граѓаните е пред се и дека најпрво треба да се создадат услови за фер и демократски избори, а не да се оди на Фејсбук или Твитер избори.

„Ако мене теоретски ме прашувате, како што го слушнав претседателот на ДИК му требале 50-тина дена и ако речеме дека сега претседателот ќе ја прекине вонредната состојба, теоретски зборуваме, тогаш некаде првата половина на јули е најбрзо што може да создадат услови за изборно соочување“, изјави Мицкоски.

Како и да е, дали и кога ќе има избори, ќе стане појасно веќе следната недела, по лидерската кај Пендаровски, кој веќе најави дека нема да ја продолжи вонредната состојба. Доколку летово имаме избори, тоа ќе бидат први во време на пандемија, па истите како што веќе најави министерот за здравство, Венко Филипче, ќе се одржат под посебни услови и протокол. Друга тема и подеднакво важна е и колку граѓани всушност ќе излезат на такви избори. Како што е познато, Заев брза да излезе на избори сега, затоа што нивното одлагање за наесен може да го чини многу имајќи в предвид дека тогаш вистински ќе се почувствуваат последиците од економскиот шок предизвикан од епидемијата со Корона.

Адријана Алексиеска