Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Јанушев: Криминал е кога директорот братучед на сопругата ќе даде тендер на братучедот на генералниот секретар на Влада, а Шилегов ќе аминува  

Роднинската струмичка тендерска спрега во Дрисла открива сомнеж за криминал вели Јанушев,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Роднинската струмичка тендерска спрега во Дрисла открива сомнеж за криминал вели Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДМПНЕ.

Практично град Скопје и Петре Шилегов се ставени на услуга на струмичкото бизнис лоби на Заеви и во 4 очи сред криза со корона  склучува договори од 12 милиони денари.

Веќе трет ден молчат Петре Шилегов и Коста Начевски – директорот на Дрисла, како и на кој начин ја одбрале фирмата Алпима ТИМ ДООЕЛ Струмица на Александар Пиперевалиев за милионскиот тендер за градежни машини во ЈП Дрисла.

Реклама

Трет ден гледаме само молк и бледи соопштенија што уште еднаш потврдува дека ја кријат поврзаноста меѓу себе и сакаат овој тендер во оваа вонредна состојба да помине незабележан од јавноста.

Ова се вика профитерство на криминално-рекетарската банда на власт во услови на корона.

Имено, сопственикот на фирмата која го доби тендерот е близок до семејството Заеви и е близок со Драги Рашковски, додека пак директорот на ЈП Дрисла е прв братучед на сопругата на Драги Рашковски.

Очигледно е влијанието на овие ликови, за токму фирмата на Пиперевалиев да го добие овој тендер.

Додека во Македонија бизниси пропаѓаат поради корона кризата, Шилегов преку Дрисла наградува со тендер од 12 милиони денари фирма блиска до Заеви.

Ова е класичен начин на испумпување на парите на граѓаните преку блиски фирми на власта, да не речам нивни.

Да имаа грам морал и доблест денес веќе првите луѓе во градот Скопје и Дрисла поради тендерот во 4 очи ќе ги напишеа своите оставки, а ОЈО ќе испитуваше криминал.

За ова некој мора да одговара и ќе одговара. Срамота и жалосно е додека граѓаните мака мачат со здравствените и економски предизвиците од Корона вирусот, СДСМ ја користи секоја можна прилика да намести по некој нов тендер.

Уште еднаш ги повикуваме надлежните институции да го испитаат случајот.

Доколку тоа не го направат сега, многу набрзо ќе има ревизија на сите вакви тендери за кои има сомнеж дека се наместени, а верувајте ги има многу вели Игор Јанушев во својата прес конференција.

https://www.youtube.com/watch?v=j75cfl-UPPU&feature=youtu.be