Реклама

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Македонија

Нема ништо од набавката на респиратори – пропадна уште еден тендер

Два месеци Владата не успеа да купи ниту еден респиратор, еден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два месеци Владата не успеа да купи ниту еден респиратор, еден од клучните апарати кога пациентите стигнуваат во лоша фаза од болеста. И последните кои беа најавени дека ќе бидат тука на крајот од оваа недела ги нема. Министерството се правда пак со прекинување на постапката, но пак ќе била обновена.

“Двете компании кои го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa, не известија дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот. Заради ова, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана. Во меѓувреме,Македонија доби 12 респираторни машини од ЕУ со што се надополнија посточеките капацитети.” – велат од Министерство за здравство.

Ја потврдува ли приказната со респираторите немоќта на власта на терен да одговори на непријателот Ковид 19?

Реклама

Две компании ги исполнија условите за да донесат респиратори за максимум 30 дена. При што едната компанија за шест респиратори имаше дадео рок од една недела и тој рок треба да истече оваа недела. – кажа Филипче пред четири дена.

Филипче од почетокот на пандемијата даде неколку кондрадикторни изјави.

Освен одолговлекувањето на набавката на респиратори, земјава се соочува и со друга дилема – дали имаме доволно стручен кадар за управување на респираторни машини ? Доктори за Алфа се сомневаат во стручноста на медицинските лица.

Работата со респиратор треба да биде строго менаџерирана по одредени принципи кои се општо прифатени и тоа најдобро го знаат анестезионолозите кои работат секојдневно со пацинети кои се тешко болни…но и тука има различни модалитети во однос на водењето и треба максимална проценка пред се, кога ќе се стави пацинетот на респиратори и како понатаму да се води – вели Професор д-р Зоран Спировски – Клиника за торакална хирургија.

A зошто е клучно да се избегне недостигот на респираторите, за Алфа проговори анестезиологот Аница Павловиќ од приватната болница Аџибадем Систина.

Апсолутно постои дефинција – за тоа кога треба да се интубира пацинетот, кога треба да се проба со инвазивна или механичка вентилација.Така да, јас апсолутно стојам на ставот дека пациентите кој заслужуваат да бидат интубирани – мора да бидат интубирани и да се лечат на механичка вентилација.Дефинитивно! – вели Д-р Аница Павловиќ – анестезиолог во Клиничката болница Аџибадем Систина.

Не се само респираторите , Владата никогаш не кажа точно дали набавува лекови за Ковид 19, ако се набавуваат кои се, ако не – зошто не се набавуваат? Што се случи со хлоракининот, до каде е лекувањето со крвна плазма. Завиени информации и соопштенија кои почнуваат со бројката на оздравени, не значи дека власта има контрола над ситуацијата. Требаат конкретни аргументи и дела.

Ања Василева