Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Луѓето остануваат без работа, за Ангеловска тоа било очекувано

Богатите нема да ја почувствуваат кризата, а сиромашните ќе го платат цехот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Богатите нема да ја почувствуваат кризата, а сиромашните ќе го платат цехот во име на сите.  Голем број граѓани во овој период кога се бориме со пандемијата остануваат без своите работни места. За власта тоа било очекувано.

„Дали е нормално да очекуваме затворање на одредени работни места – да. Дали преземаме сѐ за да биде минимизиран тој ефект, апсолутно – да! Тоа се прави со сет на мерки за да биде побрза онаа фаза на опоравување штом ќе дојде моментот за тоа“, изјави на денешната прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска

Најголем дел од граѓаните соочени со беспарица, решија да ги одложат кредитите и покрај тоа што високите суми од насобрани камати ќе треба да ги плаќаат од септември. На овој начин, банките профитираат  нудејќи решенија каде страдаат најсиромашните, децидни се упатените.

Реклама

Владата требаше да донесе уредба и да им нареди на банките да не пресметуваат камати за време на кризата – вели за Алфа економискиот експерт Бранимир Јовановиќ

Според соопштението на Банкарска асоцијација, 70% од граѓаните кои не можеа да си дозволат да плаќаат рати за кредит за време на пандемија, се согласија на таканаречената помош од банките да плаќаат од септември. Со оваа мерка банките ќе профитираат и тоа до вртоглава сума на пари.

Една груба пресметка кажува дека банките профитираа повеќе од 100 милиони евра, затоа што наплатуваат камати, а може да се откажат од тоа – додава Јовановиќ.

Иако за сега последиците од кризата со корона вирусот ги почувствуваа само граѓаните, вистинскиот удар за економијата се очекува дури на есен.

Адријана Алексиеска