Реклама

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Македонија

Објавен документот со кој Бугарија го условува датумот за преговори со ЕУ, а „Заев и Димитров го криеја“

Покрај промената на името, услов за Македонија да добие датум за старт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај промената на името, услов за Македонија да добие датум за старт на преговори со Европската унија стана и откажување од македонскиот јазик, малцинството и голем дел од својата историја, тврди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Тој објави според неговите зборови скандалозен документ кој се крие од јавноста, а е потпишан од страна на Никола Димитров.

Николоски предупредува дека Бугарија бара големи отстапки од Македонија, што може да доведе до тоа државата да се откаже од именувањето на македонскиот народ како македонски, доколку сака да оди напред на евроинтегративниот пат.

-Во заклучоците на Советот на Европската Унија јасно стои дека изјавата на Бугарската делегација е составен дел од одлуката, а истата исто така ја приложувам содржината на овој понижувачки документ. Со ова Зоран Заев, Никола Димитров, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска влегуваат во проект за редефинирање, односно создавање на новата т.н.  севереномакедонска нација и целосно откажување од се што е македонско. Ова е целосна капитулација на политиките на Зоран Заев, изјави Николоски.

Реклама

Николоски вели вината не треба да ја бара кај соседите и меѓународниот фактор, туку кај погрешните политики на власта на СДСМ. Според него дошло до проценка дека Заев има цена и со него за се може лесно да се договара и да се добие се на штета на македонските национални интереси. Николоски потенцира дека огромен скандал е и што претседателот Стево Пендаровски молчи за ова.

-Ова е целосно погрешно бидејќи од пред некој ден овој услов на источниот сосед стана дел и од официјалните документи на ЕУ. Претседателот на државата има ингеренции во надворешната политика. Прашањето е зошто тој со недели молчел за овој документ. Ако знаел тогаш зошто не превземал нешто. Ако не знаел тогаш зошто и кој го криел тоа од него?, прашува Николоски.

Николоски порача дека како држава итно е неопходно да се создаде заеднички усогласена надворешна полити, како и стратегија за национална безбедност. Тој вели овие два документи треба да се прифатени од сите политички партии и да бидат основа на работата на секој министер за надворешни, внатрешни работи и за одбрана, како и директорите на безбедносните агенции, без разлика од која политичка партија и од која влада се.

Матеја Петровски