Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Драма на Блаце- Полицијата спречила два автобуса да заминат Црна Гора

Државен пазарен инспекторат ќе бара од туристичката агенција „Нехар Турс“ да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државен пазарен инспекторат ќе бара од туристичката агенција „Нехар Турс“ да ги врати парите на граѓаните или да им даде друг аранжман по синоќешниот инцидент кога со полициска интервенција беше запрено патувањето кон Црна Гора.

Двата автобуса на туристичката агенција беа сопрени и вратени назад со полиција од граничниот премин Блаце. На целиот случај му претходеше тензична расправија уште во Скопје, каде загрижени патници бараа да не се реализира патувањето и да им се вратат парите.

Дел од патниците не се качиле во автобусите, дел заминале, но патувањето траело кратко по интервенцијата на Блаце. Оваа постапка произлегува од мерката на Владата која предвидува да не се организираат превози на поголеми групни на луѓе.

Реклама

Во законот за кривични дела против здравјето на луѓето стои дека тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапил според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Сепак, од државниот пазарен инспекторат велат дека се работи за комплексен проблем и дека требало да се има и разбирање и за агенциите кои имале одговорност кон клиентите.

Инаку, патниците уплатиле тура за Црна Гора во рамки на фестивалот на мимозите на кој бил предвиден концерт на пејачот Жељко Јоксимовиќ. Но уште опред да заминат, добиле информација дека концертот бил одложен поради состојбата со Корона вирусот.

Црна гора е држава која не е на листите на земји со висок ризик, но таа се граничи со Хрватска, Косово Србија и Албанија кои имаат регистрирано поголем број на заразени лица со смртоносниот вирус Ковид-19.

Симона Србиноска