Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Корона вирусот ги одложи партиските митинзи, но засега не и изборите

Короната ги одложи партиските митинзи и големите собири, но засега не е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Короната ги одложи партиските митинзи и големите собири, но засега не е пречка за одржување на изборите.Мерките за заштита ќе траат до 24 март односно вториот ден од кампањата. Партиските лидери и техничкиот премиер Спасовски се согласија до тогаш партиите да користат алтернативни начини за комуникација со граѓаните преку медиумите и социјалните мрежи. Доколку има промена на ситуацијата со корона вирусот, новите околности дополнително ќе се анализираат.

“Клучната порака од состанокот е дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет. Сега не е време за ситни политички поени. Партиите, нивните лидери, сите политички чинители имаат степен на повисока одговорност и треба да ги почитуваат мерките. Кризниот штаб преку мејлови ке ги информира сите политички партии за новите состојби”, изјави Спасовски.

И власта и опозицијата се согласни дека треба да има преадаптирање на кампањата.

Реклама

“Социјалдемократскиот сојуз ќе ги почитува препораките и мерките на Владата за справување со коронавирусот и своите предизборни активности ќе ги води преку медиумите, социјалните мрежи и преку преноси во живо”, изјави Заев.

“Не се разгледа можноста да одложување на изборите. Она за што го разговаравме е да имаме преадаптирање на изборната кампања. Ќе имаме алтернативен начин за водење на кампањата”, изјави Мицкоски.

Спасовски апелира да се користат информации само од официјални институции. До сега нема потреба од ребаланс на буџетот кој е стабилен. Сепак премиерот и министрите ќе разгледаат можност за неколку интервентни предлози. Спасовски апелира граѓаните да не ги преплавуваат маркетите. Работодавачите да ги почитуваат препораките. Родителите ако некој им ги прекрши правата да пријават во инспекторатите.

Градимир Марковски