Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

Самохраните родители и оние кои работат во ист сектор, да бидат ослободени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Самохраните родители и оние кои работат во ист сектор, да бидат ослободени од работа поради грижа на децата, повикаа надлежните. Препораката доаѓа откако вчера првично беше соопштено дека мерката за ослободување од работа нема да важи за вработените во здравството, полицијата, војската и пожарната управа. Покрај ова, мерките важат и за родителите на децата што се сместени или добиваат услуги во центрите за попреченост. Родителите со потврда која ќе ја добијат од градинка или училиште ќе го оправдаат своето 14 дневно отсуството од работа. Од Министерството за труд информираат дека оваа потврда работникот ќе треба да ја достави до фирмата пред да се направи пресметката  за наредната плата односно при крајот на месецот.

„Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10-годишна возраст да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 15131“, – велат од Министерството.

Владата вчера донесе одлука да се затворат сите воспитно-образовни институции, студентските домови, центрите за дневен престој, како и да се откажат сите воншколски активности. Покрај бремените жени и лицата со хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни, со малигни заболувања, со дијабетес тип 1 се ослободени од работа. И нивното отсуство ќе го  оправдуваат со потврда од лекар специјалист.

Реклама

Мерките важат за сите ваботени и во јавниот и во приватниот сектор и нивно непочитување ќе биде казнето согласно членот 205 и 206 од казнениот законик. Не се изоставува и мерката за самоизолација.Владата препорачува задолжително седење дома доколку граѓаните доаѓаат од ризичните земји. Во земји со  висок степен на ризик се Кина, Јужна Кореја, Италија и Иран. Земји со среден степен на ризик се: Германија, Франција, Јапонија, Шпанија, Швајцарија, САД, Велика Британија, Холандија, Белгија, Шведска, Норвешка, Сингапур, Австрија, Малезија, Австралија и Грција. Македонија е во групата на земји со низок степен на ризик, заедно со Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија.

 

Ања Василева