Реклама

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

Прилози

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Понудата на работни места е поголема од побарувачката. Македонските компании насушно бараат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Понудата на работни места е поголема од побарувачката. Македонските компании насушно бараат работник повеќе, додека пак македонските граѓани заминуваат да работат во странство, најмногу во Германија. Но Бундестагот на 18ти декември треба да гласа за предлогот на закон со кој бројот на работниците од Западен Балкан ќе се преполови. За владата тоа е одлука на Германија, но заменик министерот за економија и труд Марјан Ристевски порача дека македонските работници треба да останат дома.

„Работа за квалификуваната работна сила има и кај нас. Ние се правиме како влада и како Министерство за економија и труд, преку оперативниот план, каде имаме работен ангажман на млади луѓе, преку постојаните заложби на премиерот и Владата на Република Македонија за носење на нови инвестиции, преку активните мерки коишто ги имаме, преку новата институција и нова Министерството за економија и труд, другите институции и министерства во владата, да што повеќе работоспособни луѓе, млади луѓе останат во државата и добијат работен ангажман“, порача Ристески.

За надминување на горливиот проблем со недостаток од работници во Македонија годинава се применуваше и Законот за сезонско вработување. Пензионери, студенти, невработени лица или корисници на социјална помош имаа можност да работат три месеци без притоа да ги загубат остварените права како пензија, социјална помош или други надоместоци. Но, резултатот од ова законско решение не бил во рамки на очекувањата на владата.

Реклама

„Беа опфатени три области: земјоделие со законот, угостителство и услуги во домаќинство и целокупниот процес се одвива преку Агенцијата за вработување. Ова е прва година на функционирање од 1ви јануари 2026та година. Законот сѐ уште не ги дава очекуваните, да речам, резултати, меѓутоа ова не е закон направен за една година и токму заради тоа ги правиме овие информативни средби“, изјави Ристески.

Со поддршка од ГИЗ и активно вклучување на Германско-македонската стопанска комора се работи интензивно за пополнување на овие работни места, а со овој закон Македонија е поблиску до Европската Унија и во целост ги исполнува обврските од реформската агенда.

„Навистина ова е еден конкретен инструмент, конкретен проект којшто е од големо значење и дава голем придонес во транспарентноста на постанувањето, отварањето на нови работни места, притоа значи исто така и една дигитална алатка којашто е од големо значење за сите оние привремени работни места“, изјави Антје Ванделт, од Германско-македонската стопанска комора.

Паралелно со борбата за вработување на македонски работници се бара излез за македонските компании за дополнување на кадар од другите земји. Во моментов се работат измени на Законот за вработување, каде што ќе се олабават условите за вработување странци, но со мерки кои нема да им наштетат на македонските работници.