Министерот за здравство Сашо Клековски објави денеска дека се обратил на отворањето на Меѓународната конференција за аутизам „Низ призмата“ во Скопје, која, како што наведува, го внесува аутизмот во центарот на главните текови и го нагласува повеќесекторскиот пристап — здравство, социјална политика и образование заедно.
Тој посочува дека конференцијата се одржува од денеска до 20 ноември во организација на Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и дека за него тоа е настан што отвора очи и дека аутизмот е предизвик кој сè уште е недоволно препознаен во нашето општество.
Признание за Фондацијата „д-р Верица Механџиска“ за фокусот што го става врз овој здравствен предизвик. На отворањето говореа и Викторија Механџиска, претседателка на Управниот одбор на Фондацијата и генерална директорка на „Зегин“, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски и проф. д-р Аспазија Софијанова, претседател на Здружението на педијатри на Македонија. На конференцијата учествуваат водечки стручњаци од светот, меѓу кои проф. д-р Стефано Паланти, со излагање за неинвазивната невромодулација (rTMS и tPBM) кај нарушување од спектарот на аутизам, и проф. Илан Дијнштајн, за проучувањето на раниот развој на аутизмот со техники засновани на вештачка интелигенција, објави Клековски.

